Ѕидот посветен на Џон Ленон
Дали сте знаеле дека во Прага, Чешка постои ѕид посветен на големиот Џон Ленон? Овој некогаш обичен ѕид, во 80-тите години од минатиот век почнал да се преплавува со графити, пораки и стихови од песни на Битлси, па оттогаш претставува свето место за неговите фанови.
Во 1988 година ѕидот претставувал место за искажување револт против режимот на Густав Хусак. Ова искажување на незадоволството подоцна довело до судир помеѓу стотици студенти и полицијата на „Карловиот мост“. Подоцна ова движење на младите студенти, од страна на властите иронично било наречено „Ленонизам“, претставувајќи ги овие млади луѓе како алкохоличари, ментално заостанати, социопати и агенти на западниот капитализам.
Скоро сите посетители на ова место оставаат своја порака на ѕидот. Сепак, 90% од пораките не се поврзани само со Ленон, туку со Битлси воопшто. Тажно е само тоа што ѕидот постојано се обновува и старите пораки веќе не се видливи. Сепак, луѓето секогаш смислуваат нешто креативно кое останува да инспирира, а многумина се навраќаат за да се потсетат и да ги видат новите работи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.