Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

Одамна се зборува, пишува и се дебатира за идеалната разлика во годините помеѓу жената и мажот.

Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

Дали некогаш сте слушнале за љубовно правило дека мажите треба да изберат жена која има половина од нивната возраст, плус 7 години? Како по правило, партнерите со оваа разлика во годините би имале совршена врска.

Ова правило во Америка е наречено „џентлменско“ и постои уште од 1901 година. Тогаш била објавена успешната книга на Макс О’Рел, „Нејзиното височество жена и неговото височество Купидон“, во која се наведува оваа разлика во годините.

Во неа О’Рел пишува дека мажот треба да се ожени со жена која има половина од неговите години плус 7 и дека ова правило може да се испроба во секоја доба и да се согледа дека тоа прекрасно функционира.

Ова правило се чини дека денес се почитуваат некои од славните парови како: Џорџ и Амал Клуни, Доналд и Меланија Трамп, Мери-Кејт Олсен и Оливер Саркози – дамите ја имаат половина од возраста на мажите, плус седум години.

Џентлменско правило од 1901 година: Еве колку треба жената да биде помлада од мажот за врската да биде совршена!

Дали „џентлменското правило“ е навистина добро?

Според експертот за врски Сузан Винтер, ова правило не е добро затоа што душите што се совпаѓаат сами се пронаоѓаат, без оглед на разликата во годините.

Нејзиниот колега Рејчел Русо додава дека она што е поважно е во која животна фаза се наоѓаат двајцата партнери и дали ги следат истите вредности, како на пример дали сепак стапуваат во врска без оглед на разликата во годините.

Русо уште вели дека ова правило функционира подобро за мажите отколку за жените. Според неа веројатноста 30-годишник да излегува со 22-годишна девојка е поголема од обратниот случај. Ако жената е повозрасна, нејзината зрелост и подготвеност за сериозна врска секогаш би доаѓала до израз, за разлика од таа на мажот.

Патем, Макс О’Рел во второто поглавје од својата книга напишал еден совет до мажите дека никогаш не треба да се женат со жена која е побогата, повисока или постара од нив.

Можеби сакате да ги прочитате и 9-те научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар