Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата - Part 2

Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата

6. Гробница на принцезата Шерт Небти

Древни споменици кои се подигнати во чест на жените

Шерт Небти била древна египетска принцеза од Петтата династија и таа владеела околу 2.500-та година пред новата ера. За нејзиниот живот се знае многу малку. Нејзината гробница е откриена во 2012 година, од страна на чешки археолози, а таа често се наведува како ќерка на фараонот Мен Салба, меѓутоа човек со такво име никогаш не постоел, па се претпоставува дека грешката потекнува од погрешен превод. Зошто Шерт Небти е погребана далеку од владетелите од таа доба, но и какви уште мистерии се врзуваат за подрачјето на кое е откриена нејзината гробница, допрва треба да се открива.

7. Гробница на кралицата на Маите

Древни споменици кои се подигнати во чест на жените

Кабел се смета за најголема владетелка на цивилизацијата на Маите, а нејзината гробница, која датира од седми век, е откриена во 2004 година. Експертите сметаат дека оваа кралица имала поголемо влијание од нејзиниот сопруг, а откривањето на нејзиниот вечен дом ја зајакнало дискусијата за улогата на жената во мајанското општество.

8. Мавзолеј на Цецилија Метела

Древни споменици кои се подигнати во чест на жените

Цецилија Метела била ќерка на римски конзул и војсководец. Таа припаѓала на Метелите, едно од најугледното римско семејство од таа доба. Нејзината гробница спаѓа помеѓу најзачуваните и најпознатите споменици низ апијскиот пат.

9. Храм на фараонката Хатшепсут

Древни споменици кои се подигнати во чест на жените

Хатшпсут била египетска владетелка за време на чие владеење стар Египет забележал подобрување, а економијата на земјата значително се развила. Иако се посветила на подигање богати градби, храмови и споменици, наследниците на оваа владетелка направиле сѐ за таа да биде избришана од историјата. Нејзиниот храм-мртовечница кој е изграден на западниот брег на Нил, се смета за еден од архитектонските чуда на стар Египет.

10. Вечниот дом на кралицата од Саба

Древни споменици кои се подигнати во чест на жените

Длабоко во прашумите на Нигерија се наоѓа место за кое многумина веруваат дека е последно почивалиште на кралицата од Саба. Различни извори ја нарекуваат уште и Билкис и Македа, а нејзиното право име или тоа дали навистина некогаш живеела, и ден денес претставува мистерија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар