Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година - Part 2

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Мулан: Шотови

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Мулан е девојка која обожава предизвици. Таа е вистински борец и никогаш не го одбира полесниот пат до целта. Поради тоа, чистите пијалаци, како што е вотката без никаков вкус, се одличен избор за неа. Притоа, таа пие како вистински шампион и не признава ништо друго освен шотови. „Сечените“ пијалаци се за слабаци, а Мулан со сигурност не спаѓа во таа категорија.

Покахонтас: Сангрија

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Покахонтас не само што бои со боите на ветрот, туку исто така обожава и кога нејзиниот пијалак е обоен. Таа е природна и приземна, така што не е никакво изненадување тоа што сангријата е нејзиниот омилен пијалак. Таа ја обожава комбинацијата на сите тие овошни природни богатства сместени во една единствена чашка.

Јасмин: Лонг Ајленд

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Јасмин има само три желби, а едната од нив е комплетно да се опијани до 23:00 часот. Но, нејзе не ѝ треба волшебна ламба за да го добие она што го сака. Доволно ѝ е само да го испие нејзиниот омилен коктел – Лонг Ајленд. Иако Јасмин делува смирено и прибрано, таа понекогаш сака да „откачи“ на волшебниот килим и да заборави на сите грижи.

Бела: Шардоне

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Бела потсетува на грижлива мајка. Таа се грижи за ѕверот и сите шолји за чај кои трчкаат околу замокот, но на крајот од напорниот ден и таа сака да се опушти со чаша добро вино. Мора да се согласите дека таа го заслужува тоа!

Нареден пат кога ќе го гледате вашиот омилен цртан од Дизни, сетете се на овој текст. Секоја девојка сака да се забавува, па кои сме ние да ги осудуваме принцезите поради начинот на кој го поминуваат нивното слободно време? На здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар