Дознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!
Памела Андерсон и Рик Саломон
Памела Андерсон имала 4 сопрузи. Најкраткиот од нив бил со Рик Саломон. Бракот траел 2 месеца и на крајот бил поништен. Но, актерката и покер играчот повторно се венчале во 2014 година. Ниту вториот брак не траел долго.
Николас Кејџ и Лиза Мари Присли
Се зборува дека бракот помеѓу Лиза Мари Присли и големиот обожавател на нејзиниот татко, Николас Кејџ, послужил само како трофеј во име на сеќавањето за кралот на рокенролот. Ќерката на Елвис Присли и познатиот глумец биле само 4 месеци во брак.
Џенифер Лопез и Крис Џуд
Пејачката и танчерот се сакале уште 9 месеци по венчавката, а потоа се развеле. Но, Џенифер имала уште еден краток брак со кубанскиот келнер Ојаниј Нум кој траел 2 месеци подолго од оној со Крис.
Кејти Прајс и Алекс Рејд
Парот се венчал во Лас Вегас, но нивниот брак траел најдолго од сите бракови на оваа листа. Тие се развеле „дури“ по 1 година.
Во продолжение, погледнете ги и овие славни парови со големи разлики во годините.