Добро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!
Рембрант насликал една од неговите најпознати слики „Bathsheba at Her Bath“ („Батшеба во нејзината бања“) по инспирација од неговата долгогодишната љубовница Хендрикје Стофелс. Сепак, иако милиони луѓе го виделе ова дело, само современата медицина открила нешто необично.
Само медицината од 20-от век, открила чудно и застрашувачко место на градите на љубовницата на Рембрант, Хендрикје Стофелс. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да има рак на дојка?!
Во 1967 година, еден италијански хирург го посетил музејот „Рајкс“ во Амстердам. Тогаш, тој првпат го видел славното дело на Рембрант „Bathsheba at Her Bath“ позајмено од „Лувр“ во Париз.
Милиони луѓе ја имаат видено оваа слика, но беа потребни повеќе од 100 години за да се согледа еден необичен детаљ на неа.
Хирургот веднаш забележал безбојно место на левата дојка кое изгледало како оток на долниот дел од градата. Со други зборови, ова бил класичен симптоми за карцином на дојка. Се разбира, во 17 век, оваа болест била целосно непозната.
Теоријата дека Хендрикје имала злокобна болест во времето кога Рембрант ја насликал, била поддржана и од двајца австриски хирурзи во осумдесеттите години од минатиот век.
Познатиот уметник го завршил ова дело во 1654 година. Тој живеел со Хендрикје многу години во тоа време, но парот не можел да стапи во брак заради заветот во тестаментот на првата сопруга на Рембрант, која почина скоро една деценија порано.
Истата година кога е создадено делото, Хендрикје родила ќерка, Корнелија. Оние кои ја оспоруваат теоријата дека во тоа време немало карцином, навеле еден контра-аргумент дека необичниот изглед на нејзините гради, е како последица на исцрпеност и доење.
Друг аргумент што ја оспорува теоријата за карцином е фактот дека Хендрикје починала 9 години подоцна. Иако точната причина за смртта не е позната, таа година чумата го погодила Амстердам, па се претпоставува дека „црната смрт“, а не карциномот, ја однела во смрт и оваа дама.
Можеби сакате да го дознаете и неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.