Не играјте си со судбината: Најбизарните народни суеверија во кои се кријат и вистини

Не играјте си со судбината: Најбизарните народни суеверија во кои се кријат и вистини

Денешната наука има објаснувања за многу од нештата што на времето се сметале за магични. Но, постојат и онакви за коишто ни денес не може да се најде целосно објаснување – интересни суеверија што го издржале тестот на времето и сè уште владеат во мислите на луѓето. Погледнете дел од најбизарните во кои понекогаш може да се најде и вистина.

1. Чукање во дрво

Чукањето во дрво била вообичаена пракса на древните свештеници да ги повикаат Дријадите, духовите на дрвјата, со цел да им помогнат да се изборат со злото или да им исполнат желба. Ова е можеби најраширеното суеверие што и ден-денес се применува и според многумина, функционира.

2. Лук против зло

Лукот е билка што е силно поврзана со Марс – планетата која одбива лоша среќа, брка зло и повикува добра среќа (особено при преземање ризик). Токму затоа и лукот добива аура на заштита, способност да го истера злото, да ни повика среќа и да ја сруши лошата карма. Дали и вие го користите лукот за борба против зло?

3. Црна мачка

Во поголемиот дел од земјите црната мачка се смета за несреќа. Но, во Велика Британија нештата се многу поинакви и таму токму таа се смета за добра среќа. Имајќи ги овие спротивности на ум, многумина веруваат дека здогледувањето црна мачка на вашиот пат значи промена на среќата, или на подобро, или на полошо.

4. Прекривање огледало

Прекривањето на огледалото за време на ноќта започнало во времето кога се раширило верувањето дека постојат вештерки. Тогаш се сметало дека огледалото е премин кон други светови и дека со прекривањето луѓето можат да се заштитат од непознатото дур спијат. Постои верување и дека огледалото може да ја зароби вашата душа.

5. Фрлање сол

Сакате да се ослободите од злите духови? Едноставно фрлете сол. Ова суеверија се заснова на неговите добро познати антички моќи да го прогонува злото.

6. Детелина со четири лисја

Ова суеверија започнало во Ирска, но брзо се проширило ширум целиот свет. Причината за тоа е што „вештерките“ ја користеле детелината со четири лисја за повикување среќа во љубовта.

7. Паричка за среќа

Постои еден интересен феномен ширум целиот свет – луѓето фрлаат парички во фонтани, реки и езера за среќа и исполнување желби. Оваа традиција започнала од времето кога луѓето верувале дека водените духови можат да им помогнат со нивните желби. Па, дали и вие сте едни од оние што ја оствариле својата желба откако фрлиле паричка во вода?

Прочитајте и за овие 5 суеверија со рационално потекло!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар