Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

Добриот тајминг на оброците, заедно со конзистентната и урамнотежена исхрана, може да ви помогнат да се изборите со вишокот килограми. Сепак, многу е тешко да се организираат оброци во точно време.

Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

Науката продолжува да покажува дека тајмингот на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а ноќните оброци можат особено да го отежнат слабеењето.

Едно мало истражување открило дека оние кои вечерале во 21 часот во споредба со оние кои јаделе во 18 часот, имале повисоки нивоа на гликоза во крвта следното утро. Друга студија покажала дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала во текот на ноќта отколку во остатокот од денот.

Најновите истражувања покажале дека подоцнежните оброци го зголемуваат чувството на глад, а истовремено ја намалуваат количината на енергија потрошена додека сте будни.

Всушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.

Резултатите од оваа студија покажуваат колку е важно да одржувате стабилна метаболичка стапка така што ќе консумирате оброци во редовни интервали. Редовен интервал помеѓу оброците од три до четири часа е идеален за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.

Освен тоа, подоцнежните оброци можат да влијаат врз природната функција на хормоните на телото и може да придонесе за зголемен глад и апетит, а со тоа и да доведе до зголемување на телесната тежина.

Секој човек има различна стапка на метаболизам и има потреба од различен дневен внес на калории и сооднос на макронутриенти. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е добро балансираната исхрана во редовни, постојани интервали.

Откако прочитавте за правилното распоредување на оброците, можеби ќе сакате да прочитате и како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар