Дланките и карактерот: Што открива малото прсте за вас?

Дланките и карактерот: Што открива малото прсте за вас?

Ова можеби ќе ви звучи чудно, но најмалото прсте на дланката, а посебно неговата должина и форма, може доста да открие за вашата личност. Малото прсте ги одразува вашите карактерни црти. Внимателно погледнете ја својата дланка и одредете го типот на кој припаѓа вашето мало прсте, а со тоа, дознајте и нешто повеќе за својот карактер.

Дланките и карактерот: Што открива малото прсте за вас?

1. Мало прсте со нормална должина

Должината на малото прсте која достигнува до фалангата (првиот коскен зглоб) на домалиот прст се смета за нормална должина. Луѓето со ваква должина на малиот прст се одликуваат со зрел, добро оформен карактер, утврден по животните принципи. Многу ретко ги менуваат своите ставови.

2. Долго мало прсте

Ако вашиот мал прст е малку подолг од првата линија која го дели врвот на прстот и првиот коскен зглоб, тогаш имате природно подолг мал прст. Тоа е знак дека сте шармантни, харизматични личности кои никогаш не се предаваат. Талентот и упорноста во работата на таквите луѓе прават чуда. Посебно е добро ако станува збор за десното мало прсте.

3. Кратко мало прсте

Оние кои имаат кратко мало прсте се многу внимателни и дружељубиви. За нив е карактеристична срамежливоста, но тоа никако не е маана. Слаткоречивоста и способноста за градење добри и стабилни пријателски односи се нивните адути.

4. Остро мало прсте

Заострениот врв на малото прсте зборува за способноста на човекот да владее со јазиците и за неговата неверојатна креативност. Заоблениот врв на малото прсте е знак за флегматичните личности кои сакаат полека, но сигурно да ги завршуваат задачите и обврските.

5. Закривено мало прсте

Закривеното мало прсте ја покажува способноста за брзото прилагодување на промените. Луѓето со таквите карактеристики се предодредени миротворци.

6. Широк зглоб на малото прсте

Широкиот зглоб на малото прсте го поседуваат луѓето на кои секогаш можете да сметате. Тие знаат многу за светот и понекогаш се сеќаваат на своите минати животи. Тие никогаш нема да одбијат да дадат помош.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар