Девојка која ги руши стереотипите во модната индустрија со нејзината прекрасна фигура
Пред сѐ, Стефанија рекламира долна облека што уште повеќе ја нагласува убавината на нејзината телесна фигура. Таа има објавено многу искрени фотографии на Инстаграм означени со хаштагот #DropThePlus. Овој хаштаг го користат сите активисти кои се борат за тоа луѓето да почнат да ги прифаќаат сите различни телесни фигури и големини и да не го поврзуваат поимот „прекумерна тежина“ со оние кои немаат манекенска става.
„Јас сум модел. За жал, во модната индустрија веднаш ви велат дека имате прекумерна тежина, ако сте малку покрупни од просечните манекенки. Сметам дека ова може да има негативно влијание на успехот на еден модел“, објаснува Стефанија.
Мора да се согласиме со неа, бидејќи Стефанија изгледа навистина неверојатно.
Да се надеваме дека девојките како Стефанија ќе ја исфрлат од мода нездравата опсесија со тоа да се биде што е можно послаб. Тоа ќе им даде шанса на многу прекрасни жени да го постигнат успехот што го заслужуваат и да ги остварат нивните соништа.
Секој има право на свое мислење во однос на ова прашање и секако дека постојат многу луѓе кои поинаку гледаат на идејата поврзана со моделите со прекумерна тежина. Некои ја одобруваат, други, пак, не ја прифаќаат. Што мислите вие?
Прочитајте ја и инспиративната приказна на Оливија Кемпбел, уште една девојка која ја опишуваат како модел со прекумерна тежина.