Деринкују: Древниот подземен град кој бил дом на 20.000 луѓе

Деринкују: Древниот подземен град кој бил дом на 20.000 луѓе

Освен ако не дојде до некоја апокалипса, малкумина од нас би се согласиле да живеат под земја. Сепак, помеѓу 8-иот и 7-иот век пред нашата ера, во древниот град Деринкују, луѓето живееле токму вака.

Овој масивен град бил откриен во 1963 година, кога еден Турчин срушил ѕид во својот подрум. По кратко истражување, тој сфатил дека пештерата која ја открил всушност е дел од подземен град со дури 18 ката. Во 8-иот и 7-иот век пред нашата ера, во овој град живееле 20.000 луѓе.

(1)derinkuju-drevniot-podzemen-grad-koj-bil-dom-na-20000-lugje-kafepauza.mk

Деринкују се наоѓа во регионот Кападокија во Турција и е само еден од 200-те подземни градови кои се издлабени во вулканските карпи. Деринкују е поврзан со тунели кои се долги со километри. Најимпресивното нешто за овој град е што се протега на длабочина до 76 метри. Овој град бил метропола за илјадници луѓе, дури и пред модерните иновации.

(2)derinkuju-drevniot-podzemen-grad-koj-bil-dom-na-20000-lugje-kafepauza.mk

Луѓето кои живееле во овој период се обиделе да го направат својот живот што е можно поудобен и побезбеден. Градот имал свој систем за вентилација, а огромните камени порти кои тежат и по 400 килограми ги штителе жителите од потенцијалните напаѓачи.

(3)derinkuju-drevniot-podzemen-grad-koj-bil-dom-na-20000-lugje-kafepauza.mk

Градот имал и свој храм, делови за добиток и многу бунари со вода за пиење. Имало заеднички простории, штали, подруми за вино, па дури и преси за масло. За да се избегнат болестите и миризбите, отпадот се собирал во садови и се носел на површината. Овие откритија укажуваат дека Деринкују бил навистина удобно место за живеење.

(4)derinkuju-drevniot-podzemen-grad-koj-bil-dom-na-20000-lugje-kafepauza.mk

Денес градот е отворен за јавноста. Иако туристите може да посетат само 8 од 18-те нивоа, тој сепак е неверојатна атракција која вреди да се види.

(5)derinkuju-drevniot-podzemen-grad-koj-bil-dom-na-20000-lugje-kafepauza.mk

Доколку ве фасцинираат градовите на древните цивилизации, погледнете ги и најневеројатните потопени градови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар