Даската за сечење никогаш, ама баш никогаш, не треба да ја миете само со вода!
Сировото месо и останатите сирови намирници може да бидат извор на опасни бактерии како салмонела и ешерихија коли. Ако тоа остане заробено во даската за сечење можете да имате потенцијални зарази, па затоа е многу важно да ја миете како што е потребно.
Ако ја миете само со вода и детергент за садови после нејзиното користење, немојте да го правите тоа повеќе. Остатоците од сировото месо може да останат заробени во површината на даската за сечење, па во тој случај е потребно да направите нешто повеќе. Сировото месо може да задржува бројни бактерии.
Се препорачува најпрво да ја измиете даската со топла вода и детергент, па потоа да ја потопите во избелувач. Тој ќе ја стерилизира даската и ќе ги уништи бактериите. За да ги заштитите рацете, секако ставете гумени ракавици. Другата опција е после миењето со детергент за садови да ја ставите даската во машина за перење садови и да ја измиете на највисоката температура.
Се препорачува месото да го сечете на пластични даски, никако на дрвени, бидејќи тие се одлепуваат на високи температури и така пропаѓаат. Освен тоа, сировото месо многу полесно може да се заглави во пукнатините на дрвото, заради кои потешко се вади и мие, па ризикот од инфекции е секогаш присутен.
Идеално е да имате пластични даски за месо, а дрвени за зеленчук. Ќе си го олесните животот и доколку имате голема дрвена даска само за послужување. На неа немојте да сечкате ништо, туку само послужувајте храна. Ќе изгледа доста ефективно, а вие ќе го имате и едното и другото.
Додека сме во кујната, погледнете ги овие креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна.