Дали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?

Дали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?

Светилникот бил изграден во форма на кула со височина од 134 метри, украсена со колосални розови гранитни статуи кои ги претставувале птоломејските фараони и нивните кралици. За негова изградба биле употребени огромни блокови од бел варовник, па така светилникот буквално „сјаел“ под египетското сонце. На врвот на кулата била поставена бронзена статуа со височина од 7 метри која го претставувала Посејдон или Зевс. Градењето на светилникот траело 5 години.

Дали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?

Светилникот на Александрија бил изграден не само за естетска туку и за практична цел: им овозможувал на морнарите безбедно патување и враќање во египетското пристаниште. Со тоа придонел за трговскиот развој на Александрија во античкиот свет.

На сите нам ни е добро познат фактот дека градот бил основан од страна на Александар Македонски во 331 година п.н.е. кога патувал низ Северен Египет. Поминале речиси три години од почетокот на походот на македонскиот крал против Персијците, кога тој ја презел контролата над крајбрежната област на источниот Медитеран. Решил да основа пристаниште во делтата на Нил што ќе му обезбеди контрола врз морето. Така се родила и идејата за основање на легендарниот град Александрија.

Светилникот бил изграден на островот Фарос. Според Плутарх, Хомер му се јавил на сон на Александар цитирајќи го сопствениот стих од неговата поема „Илијада“ каде го величи островот Фарос и неговото убаво пристаниште. Александар се разбудил, го побарал островот и откако го нашол, рекол дека античкиот поет „не само што плени со своите зборови, туку е и многу мудар архитект“. Така светилникот го добил името по островот и на тој начин зборот pharos во грчкиот јазик го добил значењето на светилник.

Светилникот деноноќно им помагал на морнарите: во текот на денот ја користеле неговата светлина за навигација, а за време на вечерните часови можеле безбедно да го забележат пристаништето. Огнот што горел на врвот бил толку светол што лесно можел да биде помешан со ѕвезда во мракот. Историчарите претпоставуваат и дека било поставено некаков вид огледало кое го рефлектирало сјајот на пламенот. Во средновековието, арапските автори фасцинирани од светилникот, честопати замислувале дека огледалото всушност се користело како лупа која би можела да ги насочи сончевите зраци кон непријателскиот брод што се приближува до пристаништето, согорувајќи го до пепел.

Откако прочитавте за едно од седумте светски чуда на античкиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и 7-те спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале.

Извор: nationalgeographic.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар