Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

Досега сигурно сте наишле на необични закони во другите земји. Овој пат одлучивме да направиме листа на најдобрите европски закони кои сигурно и вие би сакале да се воведат кај нас.

Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

Сите нови згради мора да имаат зелени покриви (Базел, Швајцарија)

Базел е првиот град во светот каде на сите нови згради мора да има засадено зеленило на покривот, а истото важи и за сите стари згради кои се во фаза на детално реновирање.

Шефовите не смеат да ги контактираат вработените по работното време (Португалија)

За да се воспостави некаква рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, Португалците донеле закон кој ги спречува шефовите да ги контактираат вработените по работното време. Претпоставените не смеат да праќаат мејлови, пораки или да ми се јавуваат на вработените по завршувањето на работното време освен доколку не се работи за нешто навистина сериозно.

Инфлуенсерско „разубавување“ на фотографиите (Норвешка)

Се чини дека фотографиите кои инфлуенсерите најчесто ги објавуваат на социјалните мрежи се речиси совршени, а тој ефект е постигнат благодарение на разноразните алатки за разубавување како Фотошоп. Сепак, норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат одредена ознака преку која ќе ги предупредат следбениците дека користеле алатки за разубавување.

Две нови дрвја за секое родено дете (Велс)

Во Велс е покрената иницијативата за засадување две дрвја за секое родено дете, од кои едното дрво ќе биде засадено во Велс, а другото во Уганда. Истото важи и за случајот кога се посвојуваат деца.

Откако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски закони, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар