Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

Две Французинки смислиле револуционерна замена за обичните јајца. Овие јајца се создадени од двете професорки, биолози на Париската школа за индустриска биологија. Дали сте подготвени да ги замените кокошкините јајца со оваа опција?

Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

Но, пред да го направите тоа, се поставуваат многу прашања. Дали овие јајца се користат како и обичните? Како мирисаат? Какви се по вкус?

Клучните состојки сè уште биле во фаза на создавање, но наскоро ќе бидат откриени, а истражувањето главно се фокусирало на мешункастите плодови. Но, проблемот бил во тоа како да се најде вистинската рамнотежа на состојките за да се создаде вистинска формула, според биолозите Филипин Сурлè и Шерилин Тависук.

Овие јајца ќе го најдат своето место на пазарот веднаш штом тестовите ќе добијат „зелено светло“ за нивната хранливост и одржливост. Целта е овие јајца да се појават на пазарот кон средината на 2020 година.

Маснотиите и протеините кои тие ги содржат се за 10% помали во однос на кокошкините јајца и тие се помалку калорични од нив, а содржат и диетални влакна. Но, нивниот вкус е поинтензивен од обичните.

За истражувачките, од суштинско значење било да создадат јајца кои ќе реагираат на ист начин како обичните, при подготвувањето. Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го отежнува процесот на нивно пресоздавање во веганска верзија.

Можеби сакате да ги прочитате и малите трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар