Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Многу родители се плашат кога не можат да разберат зошто нивното бебе плаче. Нахрането е и здраво, но не може да смири од некоја непозната причина. Постои еден многу чест случај за кој родителите не се свесни, но би требало да обрнат повеќе внимание.

Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Можеби нема да ви се верува, но станува збор за обично влакно заглавено во чорапчето. Тоа може да се замота околу прстињата на бебето поради неговите неправилни движења. Влакното може да предизвика силна болка и да ја блокира циркулацијата на крвта што може да доведе до сериозни проблеми ако не се забележи на време. По некое време станува сѐ потешко да се види влакното, бидејќи прстот отекува. Оваа појава се нарекува „стегач од влакно“.

Доколку забележите дека вашето бебе плаче без причина, задолжително соблечете му ги чорапите и погледнете да не му се отечени прстињата и да не има замотано влакно околу нив. Употребете пинцета и лупа за да можете да го извадите влакното, а ако не успеете, веднаш побарајте помош од лекар.

Родителите ширум целиот свет одвреме-навреме се соочуваат со овој проблем, а повеќето не се ни свесни дека вакво нешто воопшто постои. Имајте ја на ум оваа можност и спречете ги страшните последици навреме.

Доколку сакате подобро да ги разберете потребите на детето, прочитајте каква е врската помеѓу астрологијата и карактерот на вашето бебе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар