Дали спортот е религија?

Дали спортот е религија?

Ако човек се запраша за улогата на спортските натпревари во секојдневниот живот на луѓето, одговорот би бил дека тоа е само една голема забава. Но, спортскиот психолог Денис Вон и неговите коавтори во еден свој труд напишале:

„Сличноста меѓу спортскиот фанатизам и организираните религии е неверојатна. Земете го предвид речникот што и на двете места се користи: верба, преданост, обожување, ритуал, посветеност, жртва, обврзаност, дух, молитва, измачување, прослава и свеченост.“

Дали спортот е религија?

Според Вон спортот денеска претставува замена за религијата. Тој забележува дека во минатото единствената вистинска масовна забава за населението биле црковните ритуали. Денес, катедралите се заменети со стадиони и други спортски терени, но луѓето и понатаму „обожуваат други луѓе, нивните постигнувања и групата на која ѝ припаѓаат“.

Облечени се во тимските бои, неуморно ракоплескаат и пеат навивачки песни, скандираат, го исвиркуваат противничкиот тим, прават и ред други работи кои потсетуваат на вербата во божество таква каква што ја знаеме со илјадници години.

Дали спортот е религија?

Тоа го натерало Вон да се запраша дали спортското навивање и религијата имаат слични психолошки ефекти. Истражувањата покажале дека спортските фанови генерално се религиозни луѓе, но во последните неколку декади посетеноста на верските објекти драстично се намалила, за разлика од онаа на стадионите која постојано расте. Тоа може да значи дека религиозните луѓе се преместиле покрај спортските терени, особено затоа што навивањето им служи на фановите да побегнат од просечноста на своите животи, да му дадат нова смисла на своето секојдневие, исто како што религијата им помага на верниците да ги „надминат“ границите на своето физичко постоење на земјата. Оттука, сето она бојадисување на лицето и косата со боите на тимот, облекувањето во истите бои и учењето навивачки песни се средство за создавање на заедница која придонесува за бегство од реалните тешкотии.

Трансформирачката моќ на навивањето е многу слична со онаа на религијата. Впрочем, пеењето навивачка песна на стадион има сличен психолошки ефект со пеењето песни во црква.

Со оглед на сето ова Денис Вон го критикува навивањето во стилот на Карл Маркс, според кого религијата е опиум за масите. Вон дополнува дека:

„Обликувани од потребите на капиталистичките системи, навивачките спортови им делуваат на личните интереси како ‘културна анестезија’, форма на ‘духовна мастурбација’ или ‘опиум’ кој го одвлекува, одвратува и оттргнува вниманието од секојдневните општествени проблеми.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар