Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

Многу одамна, не можеше да се замисли домаќинство без дрвена даска за сечење во кујната. Потоа, излегоа модерните тврдења дека дрвото не е хигиенски материјал, па ги заменивме со пластични. Но, ни тие не се толку чисти колку што се сметаше дека се.

Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

Всушност и дрвената и пластичната даска се еднакво безбедни, односно штетни, доколку не се следат основните правила за употреба. Дрвото во себе впива остатоци од храната, а доколку има пукнатини ризикот е уште поголем. Исто така, браздите што се создаваат на пластичната даска поради употребата на нож, може да се наполнат со илјадници бактерии што тешко се отстрануваат.

Затоа, најдобро е да имате една посебна даска за месо и риба и уште една за леб, овошје и зеленчук. По употребата даската мора да се измие со топла вода и со средство за миење садови, а пластичната може и да се мие во машина. Два до три пати месечно потребно е даските длабински да се дезинфицираат со медицински хидроген или алкохол и потоа да се исплакнат под млаз вода. Внимавајте по миењето да ја оставите даската целосно да се исуши, бидејќи влажната средина е идеална за развивање бројни бактерии.

Кога купувате даска, внимавајте да е изработена од што поцврст материјал, за да се избегне создавањето вдлабнатини кои собираат нечистотии. Исто така, препорачливо е на одредени временски периоди да се ослободите од старите даски и да ги замените со нови.

Погледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои ќе посакате веднаш да ги имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар