Дали ова е работата од соништата? Ресторан вработува човек што ќе си игра со кучиња

Дали ова е работата од соништата? Ресторан вработува човек што ќе си игра со кучиња

Сигурни сме дека вашата листа со работи од соништата изгледа отприлика вака: тестер на вкусови за сладолед, сирена, гушкач на кутриња… Во право сме? Имајќи го тоа на ум, што ако ви кажеме дека еден бар и ресторан од Тексас, наречен „MUTTS Canine Cantina“, во моментов бара луѓе што за 100 долари на час ќе си играат со кутриња? Сигурни сме дека веднаш ќе аплицирате…

Апликациите се отворени и иако станува збор за практикантска позиција, сепак и платата и работните обврски се едноставно неверојатни. Па, што ќе се очекува од вас како практикант во текот на денот?  Вие треба да шетате низ парковите за мали и големи кучиња во ресторанот, да си играте со нив, и да разговарате со нивните сопственици. Вие исто така би добиле и бесплатен оброк, како и бесплатни пијалаци во текот на вашата смена.

На кратко, за 100 долари на час, вие ќе одите во ресторан, ќе си играте со кучиња и ќе јадете добра храна. Звучи неверојатно, се согласувате?

Ако сте заинтересирани, заследете го официјалниот Инстаграм профил на ресторанот, а потоа објавете забавна фотографија или интересно видео на вашиот профил, каде што ќе објасните зошто токму вие би биле најдобриот избор за оваа позиција. Погрижете се профилот да ви биде јавен, бидејќи во спротивно тие нема да можат да ја видат вашата објава. Исто така треба да ги тагнете @muttscantina и да го искористите хаштагот #MUTTSpuptern во самата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mutts Canine Cantina (@muttscantina) on

Иако ресторанот се наоѓа во Тексас, којзнае, можеби токму вие ќе ги освоите и ќе ја добиете оваа работа од соништата. Со среќа!

А ако ви се оди на океан, погледнете ја и оваа работна понуда: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар