Дали отстранувањето на тетоважите е навистина болно?
Тетоважите го красат човечкото тело уште од минатото. Тетовирањето е старо колку и самиот човечки род, а популарно е во сите делови од планетата. Самото тетовирање е процес на механичко внесување пигмент во третиот слој на кожата. Сепак, со тек на време тетоважите знаат да станат досадни или пак, да посакаме да ги отстраниме, бидејќи сме го промениле личниот став. Отсега и вие можете да кажете дека вашата баба не била во право кога ви кажала дека ќе морате да ја носите тетоважата во текот на целиот живот. Благодарение на ласерската технологија, отстранувањето на тетоважите сега е брзо, лесно и безболно.
Отстранувањето на тетоважите со ласер всушност е таргетирање на пигментираното масло кое се наоѓа под вашата кожа и кршење на истото на ситни честички кои потоа ги апсорбира крвотокот. На поголем дел од луѓето им се потребни помеѓу 4 и 10 третмани за тетоважата целосно да се отстрани, но сѐ зависи од големината и густината на мастилото со кое е направена.
Она што сигурно ве интересира е какви тетоважи се најлесни за отстранување? Најлесно се отстрануваат еднобојните тетоважи. Кај тетоважите со повеќе бои можно е понекогаш да остане само одвај видлива дамка. Црната, сината и црвената боја најлесно се отстрануваат. Дали е болно? Па, дефинитивно ќе почувствувате мала непријатност, но не грижете се, не е ништо неподносливо. Чувството е малку непријатно, како некој малку посилно да гребе по вашата рака.
Експертите велат дека е можно на вашата кожа, после отстранувањето на тетоважата да се појави црвенило, а ретко се случува да се појават и ситни пликови. Тоа е сепак ретко и ги погодува само оние кои имаат премногу чувствителна кожа или пак, некое заболување. Доколку се појават мали пликови, не паничете, бидејќи тоа е добар знак – ласерот успеал да разбие многу пигмент.
Пред да се одлучите да ѝ кажете збогум на тетоважата која повеќе не ви се допаѓа или ви досадила, би требало да знаете дека отстранувањето на тетоважите со ултразвучни бранови или ласер се изведува со локална анестезија. Анестезијата се аплицира како гел или инјекција. Употребата на мраз во текот и после интервенцијата во значителна мера го намалува непријатното чувство.
За сите оние кои сакаат да се тетовираат, но не сакаат тоа да биде некое видливо и впечатливо место, тогаш погледнете ги овие дискретни места на кои можете да се истетовирате.