Дали мачката може да го препознае своето име?

Дали мачката може да го препознае своето име?

Мачките се многу посебни и многу различни суштества од кучињата. Додека кучето реагира на неговото име, некои мачки го игнорираат повикот. Дали мачката воопшто знае дека ја викаме? Дали може да го препознае своето име?

Дали мачката може да го препознае своето име?

Мачката многу добро го препознава сопственото име и го разликува од имињата на другите домашни миленици. Тоа го вели ветеринарката Тереза Мануси од Флорида, додавајќи дека препознавањето на сопственото име е поврзано со вниманието, храната и играта.

Мачките се многу интелигентни животни кои комуницираат преку различните позиции на телото. Така, различните положби на опашката на мачката се многу важни, како и позициите за време на спиењето. Мачките исто така имаат добар слух и можат да препознаат различни звуци.

Ако забележите дека вашата мачка реагира на вашиот глас, но не и на гласот на друг член на семејството, ова може да биде целосно точно.

„Мачката може подобро да реагира на личноста што ја сака“, ја потврдува оваа теза Мануси.

Пред извесно време било направено истражување со 20 мачки, а целта на истражувањето било да се открие дали мачките го препознаваат гласот на своите сопственици.

Според резултатот, повеќето мачки целосно го игнорирале гласот на странците и покажувале интерес само кога ќе го слушнеле како зборува нивниот сопственик.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик.

Извор: danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар