Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

Луѓето употребуваат најразлични насмевки во текот на нивниот живот – некои од нив се јасно забележливи, некои се потскриени. Без сомнение се смееме кога ќе победиме, но знаеме и несвесно да се потсмевнуваме кога се обидуваме да скриеме разочарување. Поради тоа Херман Мелвил ја нарекол насмевката „одбраното возило за сите двосмислености.“Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?Насмевката може да биде свесна, освојувачка или лажна. Може да биде огромна која се протега од „8-ца до 8-ца“ со големина на крокодилска насмевка или пак, да изгледа мистериозно како онаа на Мона Лиза. Олкава разновидност уште во старт ни сугерира дека се потребни значително помалку мускули за самата насмевка отколку за која било друга гримаса. Но, сепак сè зависи од самата насмевка.

Вистинската насмевка – онаа која ги вклучува мускулите на очите, која само 1% од луѓето можат свесно да ја контролираат, настанува со употреба на поголем број мускули од оние коишто се потребни за муртење, додека пак онаа помалата насмевка од стилот „не ми е толку забавно“ настанува со само еден или два пара мускули.

Но, споредбата на „вистинските“ и „лажните“ насмевки не ја доловува целосно комплексноста на ова прашање. Основните базични емоции како лутината, тагата, стравот, изненаденоста, одбивноста, задоволството и среќата креираат лесно препознатливи изрази, но сепак насмевките можат да произлезат од најразлични емоционални состојби. Истражувачите сè уште не се согласуваат за тоа дали секоја емоција е соодветна за одредено движење на мускулите или дали една насмевка може да претставува повеќе видови чувства.

Од друга страна, стариот цитат на Џо Гудвин, „Кога се смеете, целиот свет се смее со вас“ нè тера да веруваме дека има некаква вистина во моќта на насмевката. Истражувањата сугерираат дека луѓето имаат тенденција да ги дочекуваат туѓите насмевки со сопствени, додека ретко кој одговара на муртење со муртење. И не само тоа. Насмевките функционираат и во двете насоки. Исто како што среќата ве тера да се смеете, студиите покажуваат дека благороднине на автономниот нервен систем, смеењето може да ве направи среќни. За жал, истото важи и за тагата и вознемиреноста.

И двата феномена се поврзуваат со спротивни неврони, ќелии во мозокот кои се „вклучуваат“ кога ќе забележиме некој настан, како насмевката и кога ќе се вклучиме во истиот. Па затоа, нареден пат кога ќе се почувствувате нерасположено, едноставно насмејте се. Не само што ќе успеете да им го разубавите денот на оние околу вас, на тој начин и ќе го измамите вашиот мозок да се почувствува малку посреќно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар