Цитати од познати личности кои ќе ве потсетат на моќта на кармата

Цитати од познати личности кои ќе ве потсетат на моќта на кармата

Дали верувате во изреката „Сѐ се враќа, сѐ се плаќа“? Сигурно сте биле сведоци на многу случаи кога кармата навистина си го направила своето. Многу познати личности веруваат во овој концепт и затоа внимаваат како се однесуваат во секојдневниот живот. Тие се обидуваат да бидат најдобри што можат и никогаш не забораваат на моќта на кармата. Доколку не верувате во оваа идеја, прочитајте ги следниве цитатите од вашите омилени пејачи и актери кои можеби ќе го сменат вашето мислење…

Цитати од познати личности кои ќе ве потсетат на моќта на кармата

„Се обидувам да не бидам лоша со луѓето. Знам дека постои карма и постојано мислам на позитивните работи во мојот живот.“ – Миси Елиот

„Мислам дека тоа што сум веган ми дава одлична карма.“ – Алиша Силверстоун

„Не верувам во натприродни сили. Но, многу верувам во карма.“ – Ејми Вајнхаус

„Порано крадев многу. Сега не го правам тоа повеќе, бидејќи верувам во карма.“ – Енди Дик

„Верувам во тоа дека треба да бидам праведна личност и во карма. Се однесувам со другите онака како што сакам тие да се однесуваат со мене.“ – Биг Шон

„Верувам во карма и верувам дека ако пренесувате позитивна енергија, истото ќе ви се враќа назад.“ – Киша

„Ако сте навистина злобен човек, во следниот живот ќе се вратите како мува и ќе јадете измет.“ – Курт Кобејн

„На сите им се случува да бидат оставени и повредени, но постои карма во љубовта и во зависност од тоа како сте се однесувале со другите луѓе.“ – Марина енд д дајмондс (Marina and the Diamonds)

(2) citati-od-poznati-lichnosti-koi-kje-ve-potsetat-na-mokjta-na-karmata-kafepauza.mk

„Се обидувам да живеам во согласност со идејата дека кармата навистина постои. Токму затоа не го правам на другите, она што не сакам да ми го прават мене.“ – Меган Фокс

„Се грижам дека ако поголемиот дел од времето се фалам поради убавите работи што ми се случуваат, кармата ќе ми удри шлаканица и затоа се обидувам да бидам како брод што мирно плови.“ – Нил Патрик Харис

„Кога некој ќе почувствува силна интуитивна врска, будизмот вели дека тоа е така поради кармата и некоја претходна поврзаност.“ – Ричард Гирд

„Ако му давате добри работи на светот, со текот на времето вашата карма ќе биде добра и ќе добивате само позитивни работи.“ – Расел Симонс

„Силно верувам во карма. Го добивате она што го давате, без разлика дали е добро или лошо.“ – Сандра Булок

„Според природниот закон на кармата, одмаздољубивите луѓе кои ги повредуваат другите ќе завршат сиромашни и сами.“ – Силвестер Сталоне

„Немам причина да мразам никого. Верувам во добрата карма и во ширењето позитивна енергија.“ – Ванила Ајс

Доколку сѐ уште сте скептични околу постоењето на овој концепт, прочитајте ги овие 10 неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар