Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“
За љубителите на чоперите, ограничените парчиња и оние направени по нарачка имаат сосема различна вредност од сите останати. Во оваа класа чопери спаѓаат и овие две прекрасни зданија, направени од тандемот Пол Татл и Пол Татл Џуниор, кои имаат и свое популарно шоу „American Chopper“. Овој нивни проект всушност е инспириран од автомобилот „Cadillac CTS-V“.
Двата чопери се направени, така што моделот од автомобилот е пренесен на две тркала, што особено е воочливо во дизајнот на Џуниор. За разлика од него, неговиот татко повеќе внимание обрнал на моторот на чоперот, отколку на неговиот изглед, иако мора да признаеме дека надворешно двата изгледаат феноменално. Џуниор не ги изоставил препознатливите белези на автомобилот, како што се неговите штопови и специфичната задница.
Главната сличност помеѓу двата модела е основната боја на телото од моторот, како и хромираните делови. Двата модела ќе бидат ставени на аукција, а парите од продадените чопери ќе бидат предадени за финансирање на истражувањата за пронаоѓање лек за мускулна дистрофија. Засега, според бројот на гласови, во водство е Џуниор и најверојатно неговиот чопер ќе достигне повисока цена на аукцијата.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.