Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Јазикот е жива материја. Може да се менува, унапредува и да поприма нови фрази и значења. Британскиот и американскиот јазик, навидум слични, располагаат со интересни варијации кои навистина можат да ве доведат во непријатна ситуација. Само замислете дека некому во Англија му давате комплимент велејќи му дека ви се допаѓаат неговите панталони (pants), без да сте свесни дека вашиот коментар ќе биде протолкуван како пофалба за неговата долна облека.

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Во оваа споредба на британскиот и американскиот говор, набројани се дел од зборовите кои имаат сосем различни знаења во Британија и во САД. Којзнае, можеби некогаш оваа разлика ќе ве спаси од голема „каша“.

Pants

Британски – долна облека, гаќи

Американски – панталони

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Braces

Британски – трегери

Американски – протези

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Biscuit

Британски – колаче

Американски – ронлив леб со путер кој се служи со солени оброци

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Jumper

Британски – џемпер

Американски – скокач

First floor

Британски – катот над приземјето

Американски – приземјето (катот каде е самиот влез)

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Trolley

Британски – количка

Американски – тролејбус

Fancy dress

Британски – смешен костим за маскембал

Американски – формален, елегантен фустан

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Trainers

Британски – спортски обувки, патики

Американски – тренер за разни спортски активности

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Bog

Британски – веце-школка

Американски – бара, кал

Chaps

Британски – момци

Американски – кожни заштитници за нозете при јавање

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Comforter

Британски – бебешка цуцла (исто, dummy е друг збор за бебешка цуцла, кој во американскиот англиски значи кукла-модел на човек, најчесто за потребите на медицината)

Американски – јорган, престилка

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Cider

Британски – алкохолен пијалак кој се добива од ферментирани јаболка

Американски – безалкохолен јаболков сок кој се пие на есен

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Lift

Британски – лифт

Американски – подигнува

Knob

Британски – пенис

Американски – заоблена квака од врата

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Bin

Британски – канта за отпадоци

Американски – место за чување документи

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Chips

Британски – помфрит

Американски – чипс

Garden

Британски – место позади куќа, заден двор

Американски – место каде се садат цвеќиња и разни култури

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Rubber

Британски – гума за бришење

Американски – кондом

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Pissed

Британски – пијан

Американски – лут, гневен

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Hamper

Британски – кошница за храна

Американски – кошница за алишта

Shag

Британски – секс

Американски – тепих со долги и меки влакна

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

Vest

Британски – долна облека, маица

Американски – елек

Football

Британски – фудбал

Американски – рагби

Британски зборови кои имаат сосем различно значење во САД

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар