Болна исповед на жена која посвоила дете: „Повеќе ја сакам биолошката ќерка“

Болна исповед на жена која посвоила дете: „Повеќе ја сакам биолошката ќерка“

Една жена, кој одлучила да остане анонимна, на Редит ја споделила нејзината приказна за одгледување на биолошко и посвоено дете. Како што напишала, таа отсекогаш знаела дека со сопругот ќе посвојат дете, бидејќи не можеле да имаат нивно. Но после една година брак, таа останала бремена.

Болна исповед на жена која посвоила дете: „Повеќе ја сакам биолошката ќерка“

Девет месеци подоцна, таа ја родила нејзината ќерка Џун, а кога девојчето наполнило две години, парот посвоил уште едно девојче по име Чарли. Иако учествувала во бременоста на мајката на Чарли и присуствувала на породувањето, жената признала дека со неа не успеала да воспостави правилен мајчински однос.

„Од почетокот се чувствував поразлично со Чарли отколку со Џун. Ја сакав, но повеќе како да е дете на пријателка, а не мое.“

Жената додала и дека постојано читала совети за тоа како ова чувство ќе ѝ помине и дека само е потребно време. Но три години подоцна, таа сè уште се чувствувала исто. Изјавила дека понекогаш и однесувањето на детето може да го забави поврзувањето, но овде случајот бил поинаков. Чарли била прекрасно дете, и била подобра во многу нешта за разлика од нејзината постара сестра.

„Немојте да ме сфатите грешка, ја сакам својата ќерка, но не можам да се ослободам од помислата дека не е моја. Како да се грижам за дете на пријател или на некој од семејството.“

Иако повеќето корисници се согласиле дека таа не е лоша личност што се чувствува така, други ја предупредиле дека девојчињата можеби ќе ја забележат разликата помеѓу нив. Со ова особено се согласиле луѓето кои биле посвоен. Една жена напишала дека и таа е посвоена и дека нејзиниот татко секогаш правел разлика помеѓу неа и неговото биолошко дете, иако никогаш не го признал тоа.

„И јас сум посвоена, единствена од моите 7 браќа и сестри, и дефинитивно се чувствував поразлично додека растев“, додала друга корисничка која бил посвоена.

Друга мајка додала дека се надева дека девојчињата никогаш нема да дознаат како се чувствува таа, бидејќи децата треба да се сакани подеднакво, без разлика од каде се.

Доколку планирате да посвоите дете, важно е да ги знаете овие нешта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар