Black Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој ден

Black Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој ден

Black Friday во 2018 година бил најпрофитабилниот ден за продавачите ширум светот создавајќи огромни приходи од 7,9 милијарди долари само кај американските продавачи. Но, се очекува овој рекорд да биде срушен оваа година. Додека многумина со нетрпение ги очекуваат наводно сензационалните попусти, продавачите имаат многу трикови и тајни што се надеваат дека вие нема никогаш да ги откриете. Прочитајте за што станува збор.

Black Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој ден

1. Ексклузивните промоции и не се баш толку ексклузивни

Ако видите дека одредени понуди се ексклузивни или станува збор за ограничени количини, не верувајте веднаш во тоа. Благодарение на овие термини, купувачите имаат тенденција да купат работи што не им се потребни само затоа што стравуваат дека ќе ја пропуштаат спектакуларната понуда.

2. Black Friday ќе ве натера да потрошите повеќе пари за да „заштедите повеќе“

Поточно, многу продавници нудат дополнителни попусти ако купите повеќе артикли. Но, ова е само уште една психолошка замка што ве тера да потрошите повеќе пари.

3. Производите не се продаваат толку брзо колку што мислите

Иако можеби мислите дека сè што планирате да купите ќе исчезне со брзина на светлината додека да стигнете до продавницата, не грижете се. Повеќето продавачи имаат дополнителни резерви на залиха, а и не се сите дојдени за да го купат токму тоа што вам ви треба.

4. Накитот ќе биде поевтин неколку недели по црниот петок

Според резултатите од едно истражување, повеќе накит се продава пред новогодишните и божиќните празници, а подоцна во јануари продажбата драстично паѓа. Токму затоа, златарите и останатите продавачи на накит ги чуваат најдобрите попусти за почетокот на следната година.

5. Вие плаќате иста цена секоја година

Ако мислите дека понудите стануваат сè подобри од година во година – се лажете. Според едно истражување спроведено во 2014 година, дури 93 % од продавниците во текот на овој ден секоја година имале исти цени за одредени производи. Со други зборови, ако купувате работи што не ви требаат во моментов, туку ќе ги користите во иднина, слободно почекајте нови попусти.

6. Најголемите попусти се резервирани за непопуларните производи

Ова е можност за продавачите да го продадат она што не успеале да го продадат во текот на целата година.

7. Ако плаќате во готово, ќе потрошите помалку

За време на ова шопинг-лудило најдобро е картичката да ја оставите дома. Ако имате само одредена сума готовина со вас, сигурно нема да можете да потрошите повеќе.

Погледнете на кои други начини продавниците за облека ве тераат да потрошите повеќе пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар