Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

Аланија е еден од најубавите градови на јужниот брег на Турција. Јужно од градот се наоѓа истоимениот замок кој е изграден во 13 век и е едно од најпознатите туристички места во градот.

Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

Замокот бил изграден во 1221 година од страна на султанот Аладин Кејкубат, кој го освоил градот и повторно го изградил. Замокот се карактеризира со 83 кули и 140 бастиони. Речиси 400 цистерни за вода биле изградени за да се задоволат потребите за вода на градот, кој во средновековниот период бил опкружен со ѕидините на замокот. Некои од цистерните се во употреба и денес.

Замокот бил изграден на остатоци од антички утврдувања од византискиот и римскиот период. Се издига на 250 метри над морето, на врвот на карпест полуостров и е опколен од три страни со Средоземното Море.

Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

İçkale (внатрешен замок) е музеј на отворено на врвот на полуостровот. Во внатрешниот замок се наоѓаат византиски, селџучки и отомански артефакти. Селџучкиот султан Алаедин Кејкубад ја изградил својата палата овде. Откако областа под Отоманската империја станала целосно мирна, замокот ја изгубил својата одбранбена функција и во 19 век овде биле изградени многубројни куќи. Денеска во замокот има населба.

Византиската црква е едно од најдобро сочуваните дела во комплексот до денес. Таа се користела како мала џамија во периодот на Селџуците. Зад црквата се протега преубава панорама на градот па затоа на туристите им се препорачува да го посетат замокот на зајдисонце и на ова место да уживаат во неверојатната глетка.

Откако прочитавте за овој турски замок, можеби ќе сакате да прочитате и за првата палата во Турција која била изградена во европски стил.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар