Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоу
Во Тајланд се емитува реално шоу во кое камерите го следат однесувањето на единствениот учесник кој најчесто спие или јаде бамбусови гранчиња. Ѕвездата на ова шоу е Лин Пинг, бебе панда кое е толку омилено во Тајланд поради што еден телевизиски канал наречен „Панда канал“ го пренесува секое нејзино движење во живо, во текот на целиот ден.Лин Пинг е родена во 2009 година во зоолошката градина „Чијанг Мај“, која се наоѓа во северниот дел од Тајланд и оттогаш е главна атракција во земјата, предизвикувајќи вистинска „пандоманија“.Во 2009 година на натпреварот за избор на име на малата панда се заинтересирале 22 милиони луѓе. Популарноста на Лин Пинг може да се спореди со онаа на поларната мечка Кнута и на октоподот Пол.
Според договорот помеѓу Кина и Тајланд, слаткото милениче мора да биде предадено на кинеските власти кога ќе наполни две години, а тоа е во мај оваа година. Во зоолошката градина се надеваат дека ќе успеат да ја задржат Лин Пинг уште некое време, а за тоа се залага и Прасертсак Бунтракулпунтави, водачот на тајландскиот „Проект панда“.Пандата е многу значајна и за зоолошката градина. Како резултат на големата популарност на Лин Пинг, посетите се зголемени за 30 до 40 проценти.
Од владата е побаран заем за изградба на натстрешник со клима уред во просторот за играње, во вредност од 28,5 милиони бати (930.000 долари).
Се планира по пат на вештачко оплодување да се добие уште едно младенче панда и да се основа истражувачки центар за панди.Лин Пинг е првата панда родена во Тајланд и за луѓето од „Проектот панда“ е интересно сè што таа прави. Ја гледаат како си игра, расте и се развива, па тие се чувствуваат како да одгледуваат сопствено дете.