Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно

Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно

Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 20 долари. Во просторијата имало 200 луѓе и тој го поставил следново прашање: „Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?“

Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно

Луѓето почнале да креваат раце. Потоа, говорникот додал:

„Ќе му ја дадам оваа банкнота на некој од вас, само прво дозволете ми да направам нешто.“

Говорникот ја истуткал банкнотата и ги запрашал луѓето:

„Дали има некој кој сѐ уште ја сака банкнотава?“

Рацете сѐ уште биле кренати во воздух.

„А, што ако го направам ова?“, ја спуштил банкнотата на подот и ја изгазил со чевелот.

Ја подигнал од подот и банкнотата била целата истуткана и валкана.

„Има ли некој кој и понатаму ја сака оваа банкнота?“, запрашал говорникот повторно.

Луѓето повторно ги кренале рацете.

„Пријатели мои, вие сега научивте една многу вредна лекција. Што и да направев со банкнотата, вие и понатаму ја сакавте, бидејќи тоа не ја намали нејзината вредност. Таа сѐ уште вредеше 20 долари“, завршил говорникот.

Многу пати во нашиот живот ќе бидеме, згазени, истуткани, ќе паднеме на земја и ќе се извалкаме поради одлуките што ќе ги донесеме и околностите што ќе ни го попречат животниот пат. Ќе се чувствуваме безвредно. Но, без разлика што се случило или што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Вие сте неверојатни и никогаш немојте да го заборавите тоа!

Прочитајте ја и следнава поучна приказна за да дознаете колку навистина вредиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар