Балерина со прекумерна тежина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

Балерина со прекумерна тежина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

Запознајте ја Фростин Шејк, 30-годишна мејкап артистка и модел од Остин, Тексас. Фростин покрај тоа што има дипломирано на Универзитетот во Северен Тексас за моден дизајн, таа исто така е и балерина.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Започнав со класичен балет кога имав 6 или 7 години и продолжив додека не наполнив 16 или 17 години“, вели Фростин.

Кога била тинејџерка, Фростин се откажала од балетот поради притисокот што го чувствувала да биде слаба.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Едноставно не можев да ги исполнам барањата на моите инструктори, а не ни сакав“, вели таа.

Кога наполнила 18 години, Фростин ја открила бурлеската.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Почнав да истражувам различни видови танци кои ми даваа слобода да се изразам себеси на начин позитивен за моето тело. Бурлеската е спој на мојата љубов за танцот, уметноста, музиката и модата.“

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

Но, кога почнала да настапува се фатила себеси како го внесува балетот во нејзините точки. Неколку од нејзините пријателки од детството со кои одела на балет сега биле инструктори по балет, па Фростин решила да ги посети.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Ми помогнаа да ги усовршам моите вештини и ми дозволија да го направам тоа со мое темпо. Ми се допаѓа структурата и дисциплината која е потребна за да се игра балет“, изјавува Фростин.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Поголемиот дел од мојата поставеност на телото, движењата на рацете и гестовите ги земам од елеганцијата на балетот. Тоа прави да се чувствувам елегантно и силно.“

Нејзиниот совет за младите балерини е следниов: Ако го сакате тоа, држете се до него, но во ред е и ако се сменат вашите интереси.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Ако вашата цел е да станете врвен танчар, немојте да се откажувате како мене. Но, истовремено не заборавајте да го ставите вашето достоинство и верувања на прво место“, препорачува таа.

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

„Танцот прави да се чувствувам жива и давам сè од себе да донесам правда во оваа уметничка форма, а тоа подразбира да си го сакам телото такво какво што е.“

Балерина со плус големина докажува дека секое тело е убаво на свој начин

Оваа инспиративна млада жена треба да послужи како пример за сите девојки во светот кои не се задоволни од својот изглед, не само оние што се занимаваат со танц. Никогаш немојте да помислите дека не можете да постигнете нешто само затоа што другите ви го велат тоа. Сакајте се себеси и никогаш не се откажувајте од вашите соништа. Вие сте доволно добри и силни за да остварите сè што ќе посакате. Запаметете дека вашиот успех не зависи од вашиот изглед, туку од вашата волја, труд и упорност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар