Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: 9-те најубави тврдини во Русија

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: 9-те најубави тврдини во Русија

Московскиот Кремљ е најпопуларната туристичка атракција во Русија, но, таа не е и единствената. Во Русија постојат десетина тврдини, а единствената разлика помеѓу нив и московската (освен во архитектурата), е тоа што не се пишуваат со голема буква. Имено, зборот „кремљ“ на руски јазик означува средновековна тврдина во центарот на градот. Во текот на 18 и 19 век, повеќето од овие тврдини изгубиле стратешко значење, поради што нивните ѕидови биле разрушени, со цел да се искористи градежниот материјал, а она што останало, било претворено во музеј.

Погледнете кои се најубавите тврдини во Русија.

1. Ростовски кремљ

Изграден помеѓу 1670 и 1683 година, Ростовскиот кремљ е еден од ретките кој не бил изграден за одбранбени цели, туку како седиште на хиерархиската православна црква.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

2. Казански кремљ

Казанската тврдина, под заштита на УНЕСКО, доминира во овој интересен град. Таа е изградена помеѓу 1554 и 1562 година, а специфична е затоа што во рамките на нејзините ѕидови се наоѓа и црква и џамија.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

3. Кремљ во Коломна

„Црвената тврдина“, како што ја нарекуваат, е изградена во 1521 година, кога била една од највисоките на светот. Благодарејќи на царот Николај први, таа останала во нејзината оригинална состојба со сите 17 кули.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

4. Псковски кремљ

Псковската тврдина е една од најстарите во Русија и е изградена на темелите на дрвени тврдини од 8 век. Оваа импресивна градба ја нарекуваат и руска Помпеја, поради големиот број археолошки остатоци кои научниците постојано ги откриваат во нејзината околина.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

5. Кремљ Нижни Новгород

Камената тврдина во Нижни Новгород е изградена во 16 век кога служела како една од клучните одбранбени тврдини на Големото Московско Кнежество против Златните Орди.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

6. Астрахански кремљ

Историскиот центар на Астрахан растел околу тврдени изградени помеѓу 1562 и 1589 година. Темелите биле поставени во времето на Иван Грозни, а поради големиот број уметнички богатства и музеи, тој е ставен на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

7. Кремљ во Тула

Градот Тула одиграл голема улога во руската историја. Тој е изграден помеѓу 1515 и 1520 година, а бил проектиран од страна на италијански архитекти коишто го направиле и московскиот кремљ.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

8. Кремљ во Тоболск

Во Тоболск се наоѓа единствената камена тврдина во Сибир. Таа е изградена помеѓу 1683 и 1799 година.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

9. Новгородски кремљ

Тврдината Велики Новгород е можеби најстарата во Русија. Таа исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, а според легендата, таа настанала кога после големи масакр, врз дрвената црква на Света Софија слетал галеб и ја претворил во камен.

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар