Анонимна поема објавена во бар во Лондон по која полуде цел интернет

Анонимна поема објавена во бар во Лондон по која полуде цел интернет

Оваа поема била анонимно објавена во бар во Лондон. На прв поглед изгледа како нешто што би го напишал тинејџер, но кога ќе навлезете подлабоко во нејзината суштина, наеднаш станува многу позначајна и поинспиративна. На крајот се испостави дека сепак оваа поема била напишана од страна на средношколец – Чени Горкин од Бруклун, Њујорк. Иако не е познато како таа завршила во бар во Лондон, сепак е добро што тоа се случило затоа што им го разубавила денот на многу луѓе, а ние топло се надеваме дека ќе внесе светлина и во вашиот.

0-anonimna-poema-objavena-vo-bar-vo-london-po-koja-polude-cel-internet-kafepauza.mk

Денес беше најлошиот ден досега
И не се обидувајте да ме убедите дека
Има нешто добро во секој ден
Затоа што, кога подобро ќе погледнете
Светот е многу злобно место.
И покрај тоа што
Одвреме-навреме продира малку добрина
Задоволството и среќата кратко траат.
Не е вистина дека
Сѐ е во главата и во срцето
Затоа што
Вистинската среќа може да постои
Само ако околината е добра кон поединецот
Не е вистина дека доброто постои
Сигурен сум дека ќе се сложите дека
Реалноста
Е творец на
Моето однесување
Тоа е надвор од мојата контрола
И вие никогаш во милион години нема да ме слушнете да речам дека
Денес беше добар ден.

Сега читајте од долу нагоре.

Еве како звучи оригиналот на англиски.

1-anonimna-poema-objavena-vo-bar-vo-london-po-koja-polude-cel-internet-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар