Американец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките. Погледнете како!
Американецот Алан Перкинс, жител на Охајо и фанатик за Ноќта на вештерките, изградил гигантски скелет што се чини дека во секој момент ќе излезе од неговиот дом. За да го реализира ваквиот проект, му биле потребни 25 дена.
Куќата на Перкинс за кратко време се претворила во ноќна мора за оние со слабо срце. Се чини како џиновските раце да ја имаат „зграпчено“ куќата, при што прстите од едната ползат по надворешноста, додека втората рака држи друг скелет висок три и пол метри. Уште еден мал скелет се качува по покривот, а по прозорците лази џиновски пајак. При изградбата на скелетот, на Перкинс му помогнале и неговите деца.
Импресивните рачно-изработени скелетни раце се изработени од пена, со ПВЦ арматура што претставува „скелет на скелетот“. Скелетот однадвор е обложен со лепило и песок за да може да оди полесно шлифувањето, а тој е и водоотпорен, со вградена надворешна заптивка. Сепак, тоа не е сè! Перкинс има планови да создаде и огромен череп што ќе го пробива покривот!
Во продолжение, погледнете како изгледа неговиот скелет што претставува вистинско ремек-дело.
Откако прочитавте за ова ремек-дело совршено за Ноќта на вештерките, ви препорачуваме да продолжите со водичот за резбање тиква за Ноќта на вештерките.