Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога
Сите актери имаат свои методи на подготовка за одредени улоги, но некои од нив ги поминуваат сите граници. Токму затоа се случува тие да завршат со пневмонија, скршени ребрa или прогонувачки мисли. Погледнете дел од најекстремните подготовки за некои од најголемите улоги на филмското платно.
Гери Олдман го загубил својот британски акцент поради сите свои американски улоги, па морал да оди на терапија за говор со цел да го врати назад.
За време на снимањето на филмот „The Birds“, на Типи Хедрин ѝ фрлале вистински птици во лице со цел да се подготви за иконската сцена со нападот.
Брајан Кренстон научил како да прави метамфетамин од страна на Управата за борба со наркотици со цел да може подобро да ја одигра својата улога во „Breaking Bad“.
За својата улога во „Nymphomaniac“, Шаја Лабаф решил да ги однесе работите на едно ниво повисоко и навистина да има секс со својата соработничка на камера. Неговата девојка го напуштила брзо по овој настан.
За своите улоги Роберт Дениро качил 30 килограми за филмот „Raging Bull“, живеел еден месец во Сицилија за „Godfather Part 2“, ги скршил своите заби за „Cape Fear“ и еден месец работел како таксист за „Taxi Driver“.
За да се подготви за својата улога во „The Joker“, Хит Леџер се затворил во хотелска соба цел месец за да може да го вежба својот лик. На крајот, тој изјавил дека се нашол во „просторот на психопатите“.
За да ја добие улогата на Џим Морисон во „The Doors“, Вал Килмер научил 50 нивни песни. На крајот, тој толку добро ги пеел што останатите вистински членови на оваа музичка група не можеле да разликуваат кога пее Морисон, а кога Килмер.
Бред Пит доброволно дозволил да му ги скршат забите за улога во „Fight Club“. Откако завршил со снимање бил на забар за да му ги поправат забите.
За да се подготви за својата улога во „Silence of the Lambs“, Скот Глен гледал видеа кои биле запленети од полицијата на кои имало луѓе кои биле измачувани и убивани. Тој ја одбил улогата во вториот дел бидејќи вели дека снимките и до денешен ден го прогонуваат.
Со цел да се подготви за својата улога во филмот „In the Age of Innocence“, Даниел Деј Луис 2 месеци одел низ Њујорк облечен во облека од 1870-тите на ниски температури. Во еден момент бил дијагностициран со пневмонија.
За својата улога во филмот „Sonny“, Џејмс Франко поминувал многу време со машка проститутка, па дури и го следел на неговите посети со клиенти.
За да се подготви за својата улога во филмот „Safe House“, Дензел Вашингтон поминал низ сесии на измачување со вода.
Даниел Деј Луис додека го снимал филмот „My Left Foоt“ бил исхрануван со лажичка и одбивал да стане од инвалидската количка помеѓу сцените. Позицијата во која седел му предизвикала 2 скршени ребри.
Откако Кристијан Бејл изгубил 30 килограми за својата улога во „The Machinist“ така што живеел со едно јаболко на ден, тој веднаш качил 45 килограми за улогата во „Batman Begns“.
6 месеци пред снимањето на филмот „Last of the Mohicans“, Даниел Деј Луис исчезнал и откако повторно се појавил изјавил дека живеел во дивина со цел да се подготви за улогата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.