9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

Општеството се води според одреден протокол за тоа како треба да се воспитуваат децата. Тие треба да бидат послушни, дисциплинирани, учтиви и амбициозни. Но, постојат родители кои ги воспитуваат децата да бидат слободоумни и не се водат според наметнатиот протокол. Родителите секогаш ќе ве принудуваат да учите и да се храните здраво, но ако истовремено ја поттикнуваат и вашата креативност, тоа е знак дека тие сакаат да созреете како слободоумна личност.

9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

Во општеството владеат одредени стереотипи за слободоумните луѓе дека се безгрижни хипици кои не ги почитуваат правилата и нема да постигнат ништо во животот. Но, стереотипите се глупави и честопати погрешни. Доколку се пронајдете во следниве 9 знаци, можете да бидете сигурни дека вашите родители ве воспитале да бидете слободоумни…

1. Ви дозволувале сами да се облекувате

Дали мајка ви ви дозволувала да се шетате облечени во наметка како Бетмен или во долг фустан како принцеза? Тоа е знак дека родителите уште од мали нозе ви дозволиле самите да одлучувате за себе.

2. Ви дозволувале да ја носите косата како што сакате

Малите момчиња смееле да имаат долга коса, а девојчињата да имаат кратка. Вашите родители не ви ги наметнале стереотипите за тоа каква треба да ви биде фризурата во зависност од тоа дали сте момче или девојче.

3. Ве охрабрувале да ги истражувате уметностите

Доколку вашите родители ја поддржувале вашата љубов кон цртањето, глумењето или свирењето музички инструмент исто толку колку што го поддржувале вашиот интерес за математика и наука, тогаш дефинитивно нивна заслуга е тоа што сте слободоумни.

4. Си играле со вас

Дали вашиот татко ви читал приказни и притоа ги имитирал гласовите на ликовите? Дали вашата мајка била редовен гостин на вашите чајанки со куклите? Тоа значи дека тие ја поддржувале вашата детска фантазија и ја поттикнувале.

9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

5. Ви дозволувале да се нарекувате себеси со друго име

Вашите родители можеби ве крстиле Мартин, но вие еден ден сте се разбудиле и сте решиле дека ќе се викате Моцарт. Тоа воопшто не им пречело, бидејќи слободумните луѓе самите се одговорни за нивните постапки и одлуки.

6. Времето поминато во игра надвор на воздух било задолжително

Филмовите и видео игрите се во ред, но вашите родители ве поттикнувале да си играте надвор цел ден, додека не засветат уличните сијалици. Дома се враќавте истоштени, извалкани и пресреќни.

7. Не ви поставувале правила, туку насоки

Вашите родители сакале да ви дадат слобода на израз. Поради тоа, дури и да ви забраниле нешто, тоа обично не била нивната конечна одлука, туку сте можеле да дискутирате и да го кажете вашето мислење.

8. Никогаш не сте биле казнети или исплескани

Секако дека не биле воодушевени кога сте ги „украсиле“ белите ѕидови со перманентен маркер, но сепак не сакале целосно да ви го скршат филмот. Поради тоа, тие разговарале со вас и побарале да им помогнете да ја поправите штетата.

9. Лошите оценки не биле крај на светот

Вашите родители никогаш не се налутиле затоа што сте добиле тројка по математика. Наместо тоа, тие се восхитувале на вашите неверојатни рачни изработки и извонреден талент за свирење пијано.

Прочитајте и кои се 10-те клучни особини на добрите родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар