9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок
Ако сметате дека на вашиот мозок му е потребно малку вежбање, загатките се одлична активност за тоа. Доколку не го вежбате мозокот редовно постои можност да го ослабите, а сигурно не сакате да се случи тоа. За оваа цел, раздвижете го вашиот мозок со овие интересни загатки.
1. Кој автомобил ќе го отстраните?
Седум автомобили се начекале на раскрсница и настанал сообраќаен метеж. Доколку се отстрани еден автомобил, останатите би можеле да се движат без проблем. За кој автомобил станува збор?
Одговор
2. Како човекот ќе ги пренесе животните преку реката?
Еден човек патувал со две овци и еден волк. Волкот би ги нападнал овците доколку остане насамо со нив. Човекот треба да ја премине реката со чамец, но со него може да понесе само едно од животните. Како ќе го направи тоа без волкот да остане насамо со овца?
Одговор
3. Како полицијата знаела дека сопругот е убиецот?
Еден маж ја избодел неговата сопруга до смрт. Бидејќи наоколу немало никој, го оставил телото на земјата и го фрлил ножот во шумата. Потоа се качил во неговиот автомобил и отишол во неговата канцеларија. Еден час подоцна добил повик од полицијата за да го известат за убиството на сопругата. Го натерале веднаш да дојде на местото на злосторството. Кога стигнал, веднаш го уапсиле. Како знаеле дека тој е убиецот?
Одговор
4. Колку денови се потребни за да се исече целото парче материјал?
Еден морнар имал парче материјал долго 16 метри. Секој ден сечел по 2 метри од парчето. За колку денови ќе го исече целото?
Одговор
Продолжува на следната страница…