9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Ако мислите дека го имате најлошото работно место на светот, оваа листа сигурно ќе ви го промени мислењето. Во продолжение погледнете ги 9-те најтешки и најпредизвикувачки работни места, кои сигурно не би сакале да ги пробате.

1. Правење капаци за шахти, Њујорк

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Луѓето од Индија годишно прават околу 2.750 капаци за шахти за Њујорк. Единствената безбедносна опрема што ја имаат се пар очила. Температурата на растопениот метал може да се движи од 1.198 до 1.398 степени Целзиусови. Металот може да ве испрска и со тоа да предизвика сериозни изгореници. Затоа и оваа работа се смета за една од најтешките во светот.

2. Копање сулфур во Индонезија, вулканот Кава Иџен

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Во внатрешноста на овој активен вулкан има езеро со сулфур. Работниците и локалните жители влегуваат во него без никаква заштитна облека или гас маски. Вадат парчиња сулфур во текот на целиот ден и целата ноќ, користејќи ги само нивните раце и мало шамиче кое наводно им помага да не ги вдишуваат штетните супстанци. Секој работник добива помалку од 4 евра на ден.

3. Чистачи на канализација, Индија

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Веројатно никој не би сакал да ја чисти канализацијата. Работниот ден трае 12 часа, а работниците целиот ден го поминуваат во шахта, дишејќи го отпадот. Работниците користат метални алатки и нивните раце за да ги ослободат цевките. Потоа целиот отпад се собира и се фрла на улицата. Чистачите немаат посебна опрема и обично работат носејќи само долна облека. Добиваат 4 евра дневно.

4. Тестер на мириси

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Овие луѓе работат во компании што произведуваат дезодоранси. Тестерите го нанесуваат продуктот на пазувите на луѓето, а потоа мирисаат со цел да ја оценат ефективноста во текот на денот.

5. Рудари на дијаманти, Сиера Леоне

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Ова е навистина валкан бизнис. Целата вредност на дијамантите кои се вадат изнесува околу 300 милиони, но работниците добиваат многу малку. Околу 250.000 луѓе работат како рудари во една од најсиромашните области во државата.

6. Рудари на сол, Етиопија

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Луѓето Афар се познати по нивната неверојатна толеранција на високи температури. Една од нивните традиционални активности е собирање сол. Температурата во пустината каде што работат може да достигне и до 51 степен Целзиусов, и ова место се смета за едно од најтоплите во светот.

7. Електричари на големи височини

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Кинеските електричари ги проверуваат далноводите со висок напон на неверојатна висина. Иако се опремени со безбедносна опрема, ризикот да ги удри струја е преголем.

8. Чистачи на местото на злосторството

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Овие луѓе треба да ја отстранат крвта од ѕидовите, подовите, креветите, па дури и да ги отстрануваат мртвите тела. Најтешкиот дел од нивната работа е миризбата. Ако полицијата најде тело неколку денови по смртта, не помага дури ни маска. Понекогаш телата се најдени неколку месеци по смртта и привлекуваат разни инсекти. По правило на работниците им се потребни неколку денови за да исчистат сè, но во зависност од нередот може да биде потребно и повеќе време.

9. Тестери на комарци

9 тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај

Научниците кои бараат лек за маларија мора да ги научат навиките на комарците што ја разнесуваат. Бразилските научници дури ја загрозуваат нивната безбедност и се нудат како „човечка мамка“ за да ги заробат комарците на нивните раце.

A дали знаете кои се најопасните професии во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар