9 одлични идеи за подарок со кои ќе ја расположите и насмеете саканата личност
Секоја година станува сѐ потешко и потешко да се одбере подарок за партнерот нели? Колку добро и да се познавате и колку и да се сакате, избирањето подарок е секогаш една од најспецифичните работи. Подарокот мора да биде совршен, а дали ќе му/ѝ се допадне, што му/ѝ е потребно и што сака се само мал дел од прашањата кои си ги поставуваме кога не ни доаѓа ама баш никаква идеја на памет. А бидејќи креативноста и хуморот во комбинација се секогаш најдоброто решение, можеби следниве неколку идеи ќе ви се најдат инспиративни.
1. Навлака за перница со интересен натпис
2. Слика со смешна фраза
3. Албум за слики со порака
4. Тетратка за спомени
5. Шолја за кафе со откачена порака
6. Перница со забавно-саркастичен натпис
7. Дрвена декоративна слика со сладок натпис
8. Коцка за донесување тешки одлуки
9. Сет прибор со смешни, но заводливи мисли
Единствениот и од срце подарок е секогаш оној совршениот. Со ваша изработка или, пак, само идеја, подарокот на единствен начин ќе ја изрази вашата љубов. Повод не ви ни треба, а поголемо задоволство од нескротливата насмевка на лицето на вашиот партнер нема да добиете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.