9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Можеби не звучи многу привлечно, но има производи што може да ги искористите дури и по истекот на рокот на траење. Од нега на кожата до готвење, овие алтернативни употреби можеби се токму она што ви треба сега. Можеби сметавме дека расипаната храна и производите за шминкање со поминат рок на траење треба да ги фрлите во ѓубре, но во продолжение ќе откриете нови употреби за нив.

1. Авокадо

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Ако не сте имале можност да го искористите вашето совршено зрело авокадо и сега е веќе расипано, не фрлајте го бидејќи можете да го користите за вашата коса. Расипаното авокадо може да биде одличен навлажнувач ако го нанесете на сува коса. Оставете го да отстои најмалку 6 часа и измијте го со шампонот и со регенераторот што обично ги користите. Вашата коса на почетокот може да биде сува, но откако ќе ја измиете 2 пати, таа ќе биде сјајна и мека.

2. Хартиена маска за лице

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Хартиените маски не се добри за нанесување на лицето откако ќе им помине рокот на траење, но, сепак, можете да ги користите на суви и испукани нозе, на градите, на вратот или на рацете.

3. Хидратантен крем и млеко за чистење на лицето

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Ако имате хидратантен крем или млеко за чистење со поминат рок на траење, можете да ги искористите за чистење и полирање чанти и паричници. Ставете малку од производот на памук и започнете со полирање.

4. Млеко

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Расипаното млеко сè уште може да се користи за многу различни намени. Можете да направите домашно сирење, да го користите за печење, па дури и за правење палачинки. Освен за готвење, можете да го користите и како маска за лице. Нанесете го на целото лице, оставете го да отстои и исплакнете го. Мирисот можеби не е толку пријатен, но млечната киселина ќе направи чуда за вашата кожа.

5. Крем за бричење

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Кремот за бричење може да се користи на различни начини откако ќе му помине рокот на траење. Одличен е за чистење нечистотија и мрснотии затоа што буквално ги привлекува. Но, може да ја отстрани и нечистотијата под ноктите. Само нанесете малку крем и исчистете ги ноктите со чепкалка за заби.

6. Паста за заби

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Бидејќи пастата за заби содржи детергент, може да помогне во отстранувањето на дамките од тепихот, па дури и да ги исчисти цртежите од ѕидовите. Покрај тоа, можете да ги избелите и да ги исчистите патиките, а може да помогне за отстранување нат киселиот мирис од шишињата за бебиња.

7. Грчки јогурт

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Грчкиот јогурт може да има големи придобивки, дури и по рокот на траење. На почетокот, може да изгледа чудно, но може да стане одлична пилинг маска за лице. Сè што треба да направите е да го измешате јогуртот со мед и со измешана краставица во блендер, да го нанесете на лицето и да го оставите да отстои 15 минути. Потоа, едноставно измијте го со топла вода.

8. Моливче за очи и усни

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Не е безбедно да нанесувате шминка со поминат рок на траење на вашите очи или усни. Сепак, не фрлајте ги производите затоа што можете да ги користите за да подвлечете зборови и реченици во книги или како моливи во боја.

9. Путер од кикиритки

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Путерот од кикиритки може да ви заштеди многу време кога ќе останете без крем за бричење. Тој е одлична алтернатива бидејќи е богат со масла, така што ќе ја направи кожата мазна и нема да ја исуши по бричењето.

Прочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар