9 фасцинантни факти за животните што сигурно не ви ги кажале на училиште

9 фасцинантни факти за животните што сигурно не ви ги кажале на училиште

Ако професорите кажуваа за сите овие животни и нивните чудни навики, биологија би им бил омилен предмет на повеќето ученици. Погледнете ги овие неверојатни факти за животинскиот свет кои ги изненадуваат дури и научниците.

1. Јастребот врапчар ја пали тревата за да ги натера глодачите да излезат од дупките

(1)9-fakti-za-zhivotnite-shto-sigurno-ne-vi-gi-kazhale-na-uchilishte-kafepauza.mk

Верувале или не, некои птици може да бидат одговорни за шумските пожари. Во Австралија зоолозите забележале дека птицата јастреб врапчар фрлала запалени стапчиња на тревата. На овој начин го тера пленот да излезе од дупките.

2. Жаба што целосно замрзнува

(2)9-fakti-za-zhivotnite-shto-sigurno-ne-vi-gi-kazhale-na-uchilishte-kafepauza.mk

Еден вид жаба буквално замрзнува, и тоа во период од 6 до 7 месеци. Кога мразот ѝ го покрива телото, нејзините бели дробови и срце престануваат да ѝ работат, а крвта престанува да ѝ циркулира. Овие жаби имаат механизам кој ја намалуваат точката на замрзнување на крвта и другите течности и им помагаат да го преживеат замрзнувањето. Штом ќе дојде пролет, жабата одмрзнува и продолжува да живее.

3. Риба што создава совршено геометриско гнездо

(3)9-fakti-za-zhivotnite-shto-sigurno-ne-vi-gi-kazhale-na-uchilishte-kafepauza.mk

Овие мистериозни геометриски шеми се дело на еден вид риба. Овој дезен им помага на рибите да преживеат со тоа што собира фини честички песок од океанот.

4. Линиите на зебрите не се за камуфлажа

(4)9-fakti-za-zhivotnite-shto-sigurno-ne-vi-gi-kazhale-na-uchilishte-kafepauza.mk

Научниците откриле дека линиите на зебрите не се за камуфлажа туку за справување со це-це и коњските муви. Овие линии им се непривлечни на инсектите поради светлинските бранови кои се рефлектираат од кожата на животните.

5. Алкохолот им помага на рибите да преживеат студени зими

(5)9-fakti-za-zhivotnite-shto-sigurno-ne-vi-gi-kazhale-na-uchilishte-kafepauza.mk

Кога златните рипки чувствуваат дека доаѓа студ, нивното тело произведува етанол. Посебни протеини кај рибата ја претвораат лактичната киселина во алкохол. Високата концентрација на етанол го спречува пукањето на тенките клеточни мембрани дури и во многу студена вода.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар