8 важни видови документи кои имаат рок на траење
Понекогаш сме во дилема кои документи или сметки треба да ги чуваме и колку долго, а на крај се случува да се „гушиме“ во хартија и всушност да не ни знаеме каде се наоѓа документот можеби ни затребал. Во продолжение ви откриваме листа со оние документи кои се чуваат за цел живот, како и со оние кои си имаат рок на траење.
1. Документи кои ги чуваме цел живот
Иако е возможно да се набават заменски документи, понекогаш тоа може да биде само нервозен процес. Затоа наједноставно ставете ги на некое сигурно место. Во документите кои треба да ги чувате целиот живот спаѓаат изводот од матичната книга на родените, потврдата за смрт, сите документи кои се поврзани за евентуалното посвојување, развод за брак, здравствени резултати, полиса за животно осигурување, тестамент.
2. Правило за „7 години“
Поголемиот дел од документите кои се во врска со данокот се препорачува да се чуваат минимално три, а максимално седум години. Распределете ги по години за да си го олесните пронаоѓањето доколку тоа биде потребно.
3. Изводи од банка
Поголемиот дел од услугите во банките денес ги извршуваме онлајн. Меѓутоа банките ја чуваат вашата документација. Времето може да варира, а некои банки ги чуваат и до десет години. Кога станува збор за хартиените потврди во врска со услугите, почувајте ги година дена пред да ги фрлите.
4. Месечни сметки
Ако не ви се потребни заради пријавување данок, месечните сметки можете да ги фрлите веднаш после нивното плаќање. Ако откажувате некоја услуга, потврдата дека уредно сте ги платите сите сметки почувајте ја до 5 години.
5. Документите поврзани со земјиштето
Документите како што се договор за купување и слично би требало да ги чувате додека го поседувате земјиштето. За поголем дел луѓе тоа е до крајот на животот.
6. Осигурување
Слободно ослободете се од сите истечени полиси за осигурување, но сочувајте ги сите потврди за плаќање на истите барем неколку години. И секако, важечките полиси ставете ги на некое сигурно место.
7. Гаранција
Чувајте ја колку што вреди. За полесно снаоѓање ставете ги сите гаранции кои ги имате на едно место и наместете ги по должината на траење.
8. Сметки од предмети
Секогаш чувајте ги сметките за поскапите работи, односно оние кои доаѓаат со гаранција.
Бидејќи разни документи содржат одредени податоци за вашиот идентитет, проверете кои лични податоци никогаш не треба да ги испраќате преку текстуална порака.