8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Иако постојат некои стандарди за привлечност и за убавина, сепак, вашите лични склоности играат голема улога. Во продолжение ќе откриете кои карактеристики кај луѓето ги сметате за привлечни, дури и без да бидете свесни за тоа.

1. Зеници

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Зениците ја менуваат својата големина како реакција на емоциите и стануваат поголеми кога сте среќни. Некои истражувања покажаа дека потсвесно сметаме дека луѓето со големи зеници се попривлечни затоа што тоа укажува на нивната заинтересираност за нас. Во минатото, Италијанките намерно ги проширувале своите зеници користејќи отровен екстракт од растението беладона за да им бидат попривлечни на додворувачите.

2. Пропорции на половината

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Пропорциите на половината и на колковите отсекогаш се сметале за една од најважните карактеристики кај изгледот на жената. Според истражувања, колку е помал соодносот на половината и на колковите, толку жената му е попривлечна на мажот.

3. Симетрија на лицето

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Истражувачите потврдија дека симетричните лица се сметаат за попривлечни за разлика од оние со помала симетрија затоа што визуелните рецептори на луѓето многу полесно може да го обработат симетричното лице. Друга причина за ова е тоа што ние биолошки ги поврзуваме симетричните лица со добрите гени.

4. Просечност

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Според истражувањето, луѓето повеќе претпочитаат просечен изглед. Ова може да има различни објаснувања: или станува збор за биолошките предности, како што се добрите гени или мозокот на човекот едноставно претпочита потипични лица.

5. Исхрана

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Едно мало истражување покажува дека изборот на храна всушност може да му помогне на мажот да ѝ биде попривлечен на жената. Мирисот на мажите кои неодамна јаделе овошје и зеленчук се смета за подобар отколку мирисот на мажите кои често јадат леб и тестенини.

6. Глас

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Според истражувањето, жените го поврзуваат длабокиот глас на мажите со зрелоста, со што ги сметаат за попривлечни.

7. Мирис

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Мирисот на жената може да влијае на тоа колку таа им е привлечна на мажите. Но, ова важи за одреден мирис – оној што се базира на репродуктивните хормони кај жените. Како што покажуваат истражувањата, жените им се многу попривлечни на мажите во текот на фазата на овулација бидејќи нивото на хормоните во овој период е повисоко, што укажува на нивната плодност.

8. Вкус

8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Кога се бакнувате, разменувате многу бактерии, а тоа има и практично значење, односно ви помага да откриете дали си одговарате со некоја личност. Па така, дали некоја личност ќе ви биде привлечна зависи од нејзиниот вкус.

Погледнете ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар