8 места во домот коишто заборавате да ги исчистите

8 места во домот коишто заборавате да ги исчистите

Креветот ви е наместен, тоалетот исчистен и кујната средена, но дали вашиот дом е навистина чист? Нечистотијата се наоѓа и на крајно неочекуваните места. Погледнете ја следнава листа и дознајте дали и вие како повеќето луѓе занемарувате да ги исчистите овие клучни места во вашиот дом.

1. Кафематот

Вашиот кафемат има потреба од миење бар еднаш во месецот. Ставете 50 проценти вода и 50 проценти оцет во машината, исклучете ја на половина од нејзината работа, па после еден час вклучете ја да го заврши циклусот. Потоа, исплакнете со чиста вода за да го снема мирисот од оцетот.

2. Декоративните перници

Знаете ли дека е особено важно редовно да се перат перниците коишто го украсуваат вашиот кревет? Без разлика дали ги користите за да ги потпирате нозете, или пак да ја одморите главата по напорниот ден, врз нив се собира прашина и нечистотија. Затоа, практикувајте одвреме-навреме да ги чистите и нив.

3. Кујнската канта за отпадоци

Дали сте почувствувале непријатен мирис од кантата дури и откако ќе го фрлите ѓубрето? Тоа може да биде резултат од разни остатоци од храна коишто останале во неа, но не можете да ги видите. Затоа, испрскајте ја со средство за дезинфекција и темелно исчистете ја.

4. Теписите

Тие можеби изгледаат чисти со голо око, но вистината е дека често се полнат со прашина и бактерии. Проверете го начинот на кој треба да се чистат, па посветете се на нивното редовно дезинфицирање.

5. Машината за миење садови

Ова може да ви изгледа чудно, но дури и машината за миење садови треба да се чисти. Таа се затнува со остатоци од храна, ѓубриња, па дури и мувла. Затоа, не заборавајте да ја вклучите во вашиот план за чистење.

6. Декорациите во бањата

Без разлика дали се работи за чашата каде што ја чувате вашата четка за заби или пак за други предмети во бањата, тие содржат многу бактерии. Не заборавајте да ги дезинфицирате и нив наредниот пат кога ќе ја чистите вашата бања.

7. Машината за перење алишта

Ако некогаш сте забележале дека вашата облека по перењето мириса помалку свежо, тогаш веројатно е момент да ја исчистите машината за перење. Овие машини се особено подложни на мувла, па затоа повремено бараат да бидат темелно исчистени.

8. Копчињата, рачките и прекинувачите

Со оглед на тоа што честопати се допираат со нечисти раце, овие места содржат доста бактерии, а често се занемаруваат да се исчистат. Затоа, не заборавајте да се справите со овие жаришта на бактерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар