8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност

8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност

Животот не станува полесен, туку вие станувате посилни. Станувате посилни не затоа што мора да бидете издржливи, туку затоа што учите. Учите како да размислувате, што да правите и како да согледувате одредени искуства на начин што ви овозможува да растете и да се приспособувате на вашите околности, наместо да дозволите да ве поразат.

8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност

Ова се верувањата од коишто мора да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност.

1. „Мора да одговорам на сè што ми пречи.“

За време на вашиот живот, ќе се соочите со луѓе, со околности и со ситуации што понекогаш може да бидат фрустрирачки, неправедни или вознемирувачки.

Честопати, вашите заклучоци ќе бидат оправдани. Вашиот гнев ќе биде оправдан. Вашата реакција ќе биде оправдана.

Сепак, поради сопственото ментално здравје, не можете да одговорите на секоја ситница што ве мачи. Мора да научите кој и што го заслужува вашето внимание.

Она на што ја трошите вашата енергија е она што ќе го имате во животот.

2. „Јас се дефинирам според моите најлоши грешки и според моите најголеми достигнувања.“

Овој начин на кој се гледате себеси не е ниту здрав, ниту реален.

Луѓето имаат тенденција да мислат дека само една или две работи ги дефинираат како личности: најлошите или најдобрите работи од нивното минато. Но, тоа не е целосно точно.

Вие сте дефинирани според тоа како се однесувате кон другите луѓе, колку сте љубезни и како се чувствуваат другите кога се околу вас.

Луѓето што навистина се грижат за вас не размислуваат за вашите најголеми неуспеси или успеси кога се околу вас.

Може да одржувате рамнотежа така што ќе сфатите дека не сте толку лоши, ниту пак, толку совршени колку што си мислите.

3. „Мојот напредок зависи од моите материјални успеси.“

Лесно е да мислите дека вашиот успех се мери според она што другите луѓе може да го согледаат, односно со вашите земски достигнувања.

Без разлика дали се работи за припадност, статус, физичка привлечност или што било друго, лесно е да мислите дека вие сте само збир на она што другите можат физички да го видат.

Вистината е дека вашиот внатрешен раст е далеку подлабок и честопати многу посуптилен од тоа.

Вашиот раст зависи од вашата подготвеност да размислувате, да направите промена, да се одморите и да го смените начинот на кој размислувате.

4. „Јас сум збир на мислењата на другите луѓе за мене.“

Се разбира дека ќе продолжите да се плашите од мислењата на другите луѓе ако мислите дека тоа ве дефинира вас. Но, не ве дефинира тоа.

Мислењата на другите луѓе за вас се привремени, минливи, постојано се менуваат и во голема мера се филтрираат преку нивните чувства, верувања и недоверба.

Иако е во ред да се запрашате зошто луѓето имаат формирано токму такво мислење за вас, сепак тоа не треба да го земете здраво за готово.

Она што е многу поважно е како вие се гледате себеси и покрај мислењата на другите луѓе.

5. „Ако не сум најдобар, не сум доволно добар.“

Светот ќе ве убеди дека животот е конкурентски спорт и дека вие сте добри само ако сте подобри од некој друг. Но, тоа не е вистина.

Убавината на некоја друга личност не значи дека вие не сте убави. Успехот на другите не значи дека вие не сте успешни: Среќата на другите не значи дека вие не сте среќни.

Секој поединец живее своја верзија на добар, здрав и среќен живот.

6. „Другите луѓе го заслужуваат моето почитување само ако го заработат.“

Сите ја заслужуваат ваша почит. Тоа важи дури и ако сте скарани со некого, ако не се согласувате со неговите постапки или не го сакате како целина.

Ако на луѓето им пристапувате со почит и достоинствено, многу полесно ќе ви биде да пронајдете мир во себе, дури и кога сте згрешиле или не сте успеале.

7. „Личноста покрај која се чувствувам најсилно е личноста покрај којашто сакам да останам засекогаш.“

Не е важно колку силно се чувствувате, што ви кажува таа личност, кои ветувања ги остварила, а кои не или колку поврзано се чувствувате, ако таа личност не е подготвена да ѝ се посвети на врската, тогаш таа не е за вас.

Вие заслужувате личност која презема акција, а не само што ќе ви дава празни ветувања.

8. „Надворешниот свет ја контролира и ја диктира мојата судбина.“

Кога мислите дека надворешниот свет има моќ да ве спречи да го постигнете тоа што сакате, тоа значи дека се плашите од неуспехот.

Кога станувате повеќе свесни за себе, дури и ако работите не се одвиваат така како што очекувавте, секогаш можете да ги контролирате нарацијата и крајната дестинација.

Без разлика на неуспехот, секогаш можете да се приспособите, да се усогласите и да научите нешто ново.

Погледнете кои знаци откриваат дека сте ментално здрава личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар