75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

Мачките навистина сакаат дремки и сакаат да се галат, па има ли подобар начин да помогнете во некое засолниште за мачки од тоа да дремнете заедно со нив?

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

75-годишниот Тери Лауермен го знае ова и затоа редовно го посетува локалното засолниште за мачки за да дремнува со нив. Вработените во засолништето во Висконсин изјавиле дека едноставно еден ден дошол со чешел и прашал дали може да ги исчешла мачките.

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

„Само влезе и почна да ги чешла мачките. По некое време му кажавме дека е официјален волонтер и го замоливме да пополни формулар за волонтери“, изјавила Елизабет Фелдхаусен, основачката на засолништето.

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

Тери го посетува засолништето секој ден, а понекогаш останува и по 3 часа. Ги чешла мачките пред да задреме со нив, а потоа се буди и го повторува процесот. Од искуството сите имаат придобивки, а подобрување се забележало во целото засолниште.

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

Откако вработените одлучиле да му посветат Фејсбук објава на Тери и неговото волонтирање, тој се прославил многу брзо. Поради овој публицитет многу луѓе почнале да донираат за засолништето, па вработените можат уште долго да работат.

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

„Нашите донации се зголемија! Обично добивавме околу 3.500 евра месечно, оваа недела добивме речиси 30.000 евра! Ова е неверојатно бидејќи зависиме најмногу од донации“, изјавила Елизабет.

75-годишен маж волонтира и преспива со мачки во засолниште

„Најверојатно ќе додадеме повеќе соби за карантин за да можеме да вдомиме повеќе мачки побрзо. Ќе направиме и изолација за да бидеме енергетски поефикасни оваа зима. Ќе имаме повеќе од доволно пари за сето ова, а остатокот ќе го зачуваме за лоши денови.“

Знаете ли за старите мачки што одат во посета на пензионерски домови?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар