7 секојдневни нешта кои ги излудуваат луѓето кои тешко донесуваат одлуки

7 секојдневни нешта кои ги излудуваат луѓето кои тешко донесуваат одлуки

Ах одлуки, одлуки… некогаш толку е тешко да се одлучиме за нешто, што да можевме, ќе одлучевме да не одлучуваме ништо. Но, постојат мигови кога изборот е премногу голем, а носењето одлуки е премногу тешко, а сепак одлуката мора да се донесе. На крај тоа резултира со можеби погрешна одлука и залудно потрошено време. Ова се одлуките кои неодлучните луѓе тешко ги носат.

1. Мени со голем избор

Почнуваат детално да го анализираат секое јадење. Кутриот келнер веќе три пати се враќа без да добие нарачка, а веќе кога се спремни да нарачаат, одлучуваат дека уште еднаш треба да ги земат сите одлуки во обѕир.

1-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

2. Жолто светло на семафор

Она што најмногу ги нервира неодлучните луѓе е жолтото светло. „Да прошишам? Да застанам? Што да правам!?“ Тие моментални одлуки кои можат да бидат од животна важност, на луѓето кои тешко носат одлуки им претставуваат најголемиот кошмар.

2-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

3. Мали физички промени

„Дали навистина сакам шишки?“ „ Дали сум апсолутно сигурен/а дека сакам да ја имам тетоважава до крај на животот?“ „ Што ако си ја мразам новата фризура, а ќе треба долго време да чекам пред да ми порасне косата?“ – Ова се само дел од прашањата кои ги мачат овие луѓе. Не би сакале да бидеме на нивно место.

3-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

4. Пакување за на патување

Ова е особен предизвик за жените затоа што од целиот плакар треба да понесат само 1/10 од него. А тоа е многу тешка одлука. „Па, нормално, не ми се потребни тие високите потпетици од 12 сантиметри, но што ако ми притребаат!?“

4-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

5. Купување во супер маркет

„Сакам сирење или кашкавал? Кашкавал или сирење? Сирење или кашкавал? Океј, дефинитивно сирење. Не, чекај! Сепак, ќе земам кашкавал. А, кој од овие 14 производители најмногу ќе ми се допадне?“ И така за сите намирници кои се наоѓаат на листата. А кога станува збор за шопинг, работите стануваат многу полоши.

5-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

6. Пуштање музика

Да се биде одговорен за музиката е многу стресно. Особено ако не можете да одлучите која од илјадниците песни да ја пуштите следна. Една професија која неодлучните луѓе никогаш не би ја избрале – диџејството.

6-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk

7. Кога се судруваат со човек кој оди во спротивна насока и треба да одлучат дали да одат лево или десно

Вообичаено ја одбираат погрешната страна и тоа резултира со судир, па некое „упс, извинете“ за повторно да се случи истото. Второ можно сценарио е додека тие да одлучат, човекот кој оди спроти нив да ја донесе таа одлука за нив.

7-7-sekojdnevni-nesta-koi-gi-izluduvaat-lugjeto-koi-tesko-donesuvaat-odluki-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар