7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блиските
Без разлика дали сте личност која сака или не сака допири, постојат повеќе причини за да ги зголемите физичките контакти во вашите блиски врски. Погледнете дел од нив:
1. Физичкиот контакт испушта хормони кои прават да се чувствувате добро. Една од причините поради кои прегратката, држењето за раце и допирите прават да се чувствуваме добро е бидејќи овие однесувања го зголемуваат нивото на окситоцин, хормон кој ја намалува болката и предизвикува смирувачки сензации. Според едно истражување, окситоцинот се зголемува за време на сексуални оргазми, но и како резултат на нежен допир.
2. Физичкиот контакт ја одржува љубовта во бракот. И покрај тоа што љубовта помеѓу сопружниците има тенденција да го предвидува нивото на нивната физичка блискост, може да се случи и спротивното. Односно, според една студија се покажало дека количината на физичкиот контакт помеѓу мажот и жената може да предвиди колку всушност тие навистина се сакаат.
3. Физичкиот контакт е поврзан со нискиот притисок. Една студија покажала дека оние жени кои добиваат повеќе прегратки од нивните романтични партнери имаат понизок крвен притисок. Но, сè уште не се знае дали ова се случува и кај мажите.
4. Физичкиот контакт прави да изгледате како личности на кои може да им се верува. Верувале или не, физичкиот контакт може да го подобри начинот на кои другите ве гледаат. Според едно истражување, со допирот можете да ја зголемите вашата доверливост во очите на луѓето околу вас.
5. Физичкиот контакт ги намалува хормоните за стрес. Според една студија, со зголемувањето на физичката наклонетост кај романтичните партнери, се намалуваат дневните нивоа на хормонот кортизол, кој е одговорен за стресот.
6. Физичкиот контакт е поврзан со зголеменото задоволство во врската. Една студија покажала дека партнерите кои се повеќе физички наклонети еден кон друг се и позадоволни во својата врска.
7. Со денешниот физички контакт утре ќе бидете во подобро расположение. Придобивките од физичката блискост не се ограничени само на моментот. Според едно истражување, за жените, впуштањето во физичка блискост со саканата личност значи подобрување на расположението наредниот ден.
Секако, придобивките од физичките контакти најчесто се ограничени само на блиските врски. Интересен е фактот дека физичката блискост со непозната личност може да предизвика стрес. Во некои ситуации оваа блискост може да биде од корист, на пример кога медицинска сестра држи пациент за рака, но во повеќето ситуации се случува сосема спротивното.
Кога станува збор за нежни допири како прегратки, држење за раце или пак, каков било друг вид допири со саканата личност, тогаш најчесто крајниот ефект е подобрување на врската, на физичкото здравје, како и на психичката добросостојба. Токму поради овие причини мора да најдете време за допири! Па, ајде започнете уште веднаш. Одете кај вашиот партнер и без да му кажете ништо, едноставно гушнете го…