7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патување
Денес, туристичката сезона е отворена во текот на целата година. Во лето, луѓето може да одат на одмор во медитеранските одморалишта, а во зима може да одат во Тајланд или на Бали за да се стоплат. Поради тоа, корисно е да ги знаете правилата и регулативите со кои може да се сретнете во одредена земја. Списокот со ограничувања за туристите постојано расте, а вие треба да да ги научите новите правила за да не си го уништите долгоочекуваното патување.
1. Ќе биде покомплицирано да го пронајдете вашиот туристички агент на аеродромот во Истанбул
Отсега ќе треба сами да ги барате претставниците на туристичката агенција на аеродромот во Истанбул. Овие луѓе обично ги собираат туристите кои резервирале тура преку нивната агенција и ги префрлаат во хотелот. На аеродромите тие држеа знаци со името на агенцијата или на хотелот и ги пречекуваа туристите веднаш откако ќе ја поминеа царината.
Оваа шема престана да функционира на 1 јануари 2020 година. Отсега претставниците на туристичката агенција веќе не смеат да бидат во оваа зона или да држат знаци со името на нивната туристичка агенција или со името на туристот. Овие активности сега се сметаат за нелегално рекламирање.
Сега им е дозволено само на роднините и на пријателите на патниците да дојдат во зоната за пречек на аеродромот во Истанбул. Туристичките агенти ги користат своите креативни вештини и се преправаат дека се обични луѓе, но носат маици со логото на туристичката агенција или однапред ги известуваат туристите дека во рацете ќе држат папка во одредена боја. И покрај сите овие трикови, процесот на собирање на туристите сега трае околу 2 часа.
2. Ќе нема доволно билети за сите за посета на базиликата „Свети Марко“ во Венеција
Венеција излезе со план како да го регулира протокот на туристи кои сакаат да шетаат околу плоштадот каде што се наоѓа базиликата „Свети Марко“. Денес, тоа е една од најпопуларните знаменитости во Италија која буквално се удави во протокот на туристи. Оваа базилика дневно ја посетуваат 15.000 луѓе.
Со цел да се зачува уникатното историско наследство, властите се обидуваат да го ограничат пристапот до плоштадот и до базиликата со билет. На туристите ќе им бидат понудени 2 опции почнувајќи од април 2020 година: да ја платат влезницата преку Интернет и да го изберат датумот на посетата или да се обидат да добијат бесплатен билет на градскиот терминал. Во краен случај, никој не гарантира дека ќе успеете да влезете бидејќи дневната бројка на посети ќе биде строго ограничена.
Исто така, пливањето во каналите е сè уште забрането. Паричната казна изнесува неколку стотици евра.
3. Ќе треба да користите корпи или платнени торби во Тајланд
Целосната забрана за употреба на пластиката треба да започне да функционира во 2021 година. Сепак, оваа земја веќе им ги забрани на маркетите пластичните кеси за еднократна употреба.
На почетокот, локалното население беше незадоволно од оваа иновација, па како знак на револт луѓето додека купуваа ги користеа сите можни работи како плетени корпи, кофи и кади за бебиња.
Но, одлуката е веќе донесена и луѓето ќе треба да заборават на пластичните кеси за еднократна употреба. Туристите имаат неколку опции да се приспособат на новите регулативи: да си набават платнена торба или да побараат храната и производите да им бидат доставени до хотелот.
4. Нема да ви биде дозволено да внесете јаболко или краставица во Европа
Почнувајќи од 14 декември 2019 година, во земјите на ЕУ започнаа да се применуваат нови санитарни и фитосанитарни правила. Отсега увозот на овошје и зеленчук во Италија, во Финска, во Грција и во другите земји на ЕУ е можен само со посебен сертификат. Причината е борбата против ширењето на растителните штетници.
При секој влез во земјите од Европската Унија ќе ви прават контрола. Дури и јаболкото што го носите како ужина ќе ви биде одземено (или ќе ве замолат да го изедете набрзина додека ја поминувате границата).
Добрата вест е дека замрзнатото овошје и конзервираниот зеленчук не се на списокот на новите регулативи.
5. Преноќевањето во Амстердам ќе биде поскапо
Ќе мора да заштедите малку повеќе пари за да го посетите Амстердам бидејќи од 1 јануари 2020 година градот воведе нов данок за туристите. На овој начин, властите се обидуваат да го намалат бројот на туристи. Секоја година во Амстердам, каде што живеат околу еден милион луѓе, има повеќе од 17 милиони туристи.
Отсега, секој што сака да го посети градот, ќе мора да плати дополнителни 3 евра од вечер, што е плус од наплатата од 7% од цената на ноќевањето.
Ова не е прв обид на градот да го регулира бројот на туристи. Во декември 2018 година, беше отстранет познатиот знак „I Amsterdam“, а тоа беше омиленото место за фотографирање на туристите. На тоа место дневно се правеле повеќе од 6.000 фотографии.
6. Авионските билети од 10 евра може да исчезнат
Во 2020 година, Германија планира да воведе еколошки данок за летовите. Надоместокот за домашни летови до европските дестинации ќе се зголеми значително и ќе изнесува 13,03 евра, а претходно изнесуваше 7,5 евра. Тоа значи дека билетите со цени од 10 до 15 евра ќе исчезнат.
Властите сакаат да ги насочат овие приходи кон развој на железничкиот сообраќај и се очекува дека патувањето со брз воз во Германија ќе биде поевтино за околу 10%.
Франција исто така се подготвува за слични иновации во 2020 година, а Холандија го најави зголемувањето на данокот на авијацијата почнувајќи од 2021 година.
7. Ќе мора да чекате подолго за да се најавите во турските хотели
Турските власти ветуваат дека ќе започнат строго да го контролираат спроведувањето на законот во врска со заштитата на личните податоци. Законот стапи во сила во 2016 година и им забрани на вработените во хотелите да прават фотокопија од пасошите на гостите или да бараат банкарска картичка или телефонски број.
Претходно, хотелите успешно ја игнорираа оваа забрана за време на летната сезона само за да ги внесат податоците од туристите колку што е можно побрзо. Беше многу полесно да се направат копии или да се скенираат документите и подоцна да се пополнат потребните обрасци за пријавување. Сега хотелите може да се соочат со сериозни казни за непочитување на законот затоа што е зголемен бројот на случаите поврзани со користењето на туѓите лични податоци.
Ова значи дека процесот на пријавување на гостите ќе потрае повеќе време, особено во хотелите што имаат неколку стотици соби. Обично, во овие хотели доаѓаат туристички групи што се состојат од околу 25 луѓе. Но, отсега туристите ќе мора да чекаат за клучот на својата хотелска соба со трпеливост и со разбирање.
Прочитајте ги овие 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување.