7-годишно девојче започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно

7-годишно девојче започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно

Бести Лојд е само 7 години, а веќе има свој бизнис. Таа собира стари шишиња, а потоа ги продава во нејзината продавница во градината на нејзините родители. Ова девојче заедно со својот татко ги собираат своите откритија на стари депонии користејќи само лопати. Потоа ги носат дома, ги чистат, ги ставаат во продавницата и ги продаваат.

 7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

Бести продава 12 шишиња за 10 фунти, а за 12 месеци собрала 600 фунти и си купила лаптоп. Таа вели дека многу ги сака старите шишиња, бидејќи имаат различни бои и големини. Како и да е, нејзиниот омилен дел е копањето и валкањето и мисли дека тоа е навистина забавно. Девојчето споделува дека има многу различни шишиња и дека луѓето секојдневно купуваат. Таа го имала ова хоби уште од мала, па така собрале многу шишиња со кои не знаеле што да прават и така решиле да почнат да ги продаваат. Таткото вели дека тој има своја работа, па може да помага само понекогаш, но малата Бести го врши поголемиот дел од работата. Бести се воодушевува секогаш кога ќе пронајде ново шише, бидејќи тоа претставува фасцинантен поглед во различна ера.

 7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

Во нејзината продавница има шишиња произведени помеѓу 1870 и 1930 година. Локалните фармери и дозволиле на Бести да копа и таму, бидејќи тоа ја прави среќна. Многу колекционери, но и други луѓе купуваат, а и ние исто така сметаме дека е убаво да му се даде нов живот на нешто старо и заборавено.

 7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

 7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

 7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

7-годишно девојче започнало свој бизнис со антички шишиња што ги собира секојдневно

Прочитајте ја приказната за овој велосипедист кој пронашол бездомна мачка која решил да ја носи на патување низ светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар